Во Шангај VW покрај Uz I.D. Roomzz concept и со SMV Concept и SUV Coupe Concept

ПокрајI.D. Roomzz concept, на саемот за автомобили во Шангај, Volkswagen имаше уште неколку интересни премиери….

Пред се станува збор за SMV Concept што ја најавува иднината на SUV возилата на  Volkswagen за кинескиот пазар ( направен е во соработка со кинеската компанија  FAW).

Новиот SMV Concept e долг 510 cm, а базиран е врз MQB платформата, доаѓа со 4Motion погон на сите четири тркала, додека во гамата на сериски модели ќе се најдат и 2.0 TSI и 2.5 TSI бензински мотори (во пар со седум степен DSG менувач).

Во кусата информација се наведува и дека во возилото има место за седум патници, како и дека е опремено со 12.3-инча дигитална инструмент плоча и со  10.1-инча мултимедија систем.

Вториот интересен новитет на гигантот од Волфсбург на салонот во Шангај е Volkswagen SUV Coupe Concept.

Иако засега е концепт возило, веќе е најавено дека пристигнува и сериската верзија, како прв SUV Coupe што во Кина ќе го произведува  FAW – Volkswagen.

Засега за истиот нема многу детали, освен дека се базира врз MQB платформата како и дека ќе има 2.0 TSI бензински мотор и дека ќе биде достапен и со седум степен DSG менувач.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Venue и официјално во Њујорк 2019!

Подновениот Audi R8 претставен во Њујорк 2019

Peugeot 508L PHEV со глобално деби на Шангај 2019

Глобална премиера на Porsche Cayenne Coupe во Шангај 2019

Renault City K-ZE електричен SUV промовиран во Шангај 2019

Шангај -светска промоција на првиот целосно електричен автомобил на Aston Martin

Volkswagen ID. Roomzz Concept во Шангај 2019

Уловен новиот Ferrari FXX K Evo

Peugeot e-208 сака да биде најдобар автомобил на струја од ниската класа!