Во Шпанија ќе се произведуваат новите генерации на електрични модели на Ford

Ford објави дека Валенсија ќе биде производствен дом на нивната следна генерација електрични возила, а исто така потврдија и дополнителни инвестиции во нивната фабрика во Келн, Германија…

Според специјализираниот магазин Auto Express, изборот на Ford за Валенсија не е изненадување, имајќи предвид дека неговата постоечка фабрика Almussafes на источниот брег на Шпанија е најголема фабрика надвор од САД. Претходно оваа година, последното европско Mondeo излета од производните ленти во овие погони.

Како мало потсетување ќе наведеме дека фабриката е изградена во 1976 година, а бидејќи досега се фокусираше на автомобили со мотори со внатрешно согорување, ќе и требаат значителни инвестиции за да и помогне на американската компанија да ја постигне својата европска цел за 100% производство на  возила со нулта емисија до 2035 година.

Објавата се совпаѓа со посветеноста на производителот со син овал во своето лого за фабриката во Келн.

Имено Ford планира да продава 600.000 електрични возила годишно на пазареите на Стариот континент од 2026 година, од кои повеќето ќе доаѓаат од неговата германска фабрика, со инвестирање 1,7 милијарди фунти во фабриката.

Производството се очекува да започне следната година и ќе лансира неколку нови целосно електрични модели на Ford, вклучувајќи и crossover модел со средна големина“ и „спортски crossover“.

Во гамата се планира и приклучување на електричната Puma.

„Ford инвестира многу во производството на електрични возила во Германија, а ние сме посветени на земјата како локација на нашето седиште во Европа“, велaт челниците на Ford.

„Донесувањето на нашата сосема нова архитектура на електрични возила во Валенсија ќе ни помогне да изградиме профитабилен бизнис во Европа, да обезбедиме вработување со висока вредност и да ја зголемиме понудата на Ford на електрични возила со високи перформанси и високи перформанси кои целосно ги задоволуваат потребите на нашите европски клиенти, се вели во соопштението на американскиот автомобилски гигант.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ги намалува субвенциите за купување EV

Новиот Audi RS3 co електричен мотор

Почна производството на Mercedes-AMG One

Новиот Porsche 911 GT3 RS на пазарот пристига 2023

Next.e.GO Mobile SE ќе произведува електрични автомобили во Македонија

Во Германија нови давачки за дизел и бензински автомобили а олеснувања за EV

Подновен беџот и имиџот на луксузниот автомобилски бренд

Илон Маск одличен дипломат -Tesla во Кина со „повластена“ позиција

Неофицијалните рендери открија многу можен изглед на претстојната BMW Серија 5.