Во Škodа најавуваат дислокација на дел од производството вон Чешка

Синдикалните лидери на Škodа излегоа во јавноста со тврдења дека чешката марка ќе го премести производството на одредени модели надвор од матичната земја…

Конфликтот помеѓу Volkswagen и Škoda се чини како полека да ескалира.

Пред ова, слушнавме обвинувања од синдикатите на Volkswagen дека Škoda  му наштети на германската марка со канибализација на неговата продажба, а сега гледаме револт против преместувањето на производството на чешки автомобили надвор од матичната компанија.

Јарослав Повсик, еден од лидерите на синдикатот во Škodа и член на надзорен одбор на компанијата, потврди за локалните медиуми дека Volkswagen планира да го пресели производството на неколку модели од Млада Болеслав.

Така, Superb ќе биде инсталиран во Словачка, Kodiaq во Германија, а Seat Ateca (кој инаку се склопува во  Škoda) ќе биде преместен во Шпанија.

„Зарем кампањата против Škodа не е доволна? Дали треба да и одземеме сè што вреди? “, Јавно праша Јарослав Повсик.

„Ќе се бориме на сите фронтови. Во медиумите, во јавноста, во Volkswagen, во владата “, рече претставникот на работниците во Škodа, алудирајќи на фактот дека нема да дозволи на Škoda да и биде одземено производството на споменатите модели.

Минатата година, чешката марка произведе 29.298 Superb единици, 101.586 Kodiaq единици и дури 98.370 парчиња Seat Ateca, вкупно нешто помалку од 230.000 автомобили што во иднина би требало да се склопуваат на друга локација.

Во јули годинава, шефот на групацијата Volkswagen, Херберт Дис, рече дека Škoda мора да стори повеќе во смисла на борбата против ривалите, поточно француските и корејските брендови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volvo планира да издаде зелени обврзници

Првиот човек на Cupra е нов шеф во Seat

В. Британија ќе им каже збогум на возилата со внатрешно согорување

Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво доби и животната средина и граѓаните

Салонот за автомобили во Детроит повторно одложен – за есента 2021

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

Уште една потврда дека времето на Автомобилски магазини е минато!

Нов скандал во светот на мобилноста-Nikola обвинет за измама!

ЕУ дополнително ги заостри нормите за CO2 емисиите