Во Србија патарините поскапеа за 12%!

Според информацијата на државната информативна агенција на нашиот северен сосед Tanjug, собранието на Србија ги усвои измените на Законот за надомест за користење на јавни добра со кои цената на патарините во оваа земја се зголемуваат за 12 проценти….

Цената на патарините се зголемува за да се одржи понатамошната изградба и одржување на патиштата и делумно се постигнува усогласување со директивата на Европската унија.

Имено, директивата, меѓу другото, пропишува дека патарините треба да обезбедат реални трошоци за одржување, развој и изградба на нови автомобилски патишта.

Синиша Мали, министерот за финансии на Република Србија , по тој повод изјавил, во расправата во Собранието, дека тековната 2019 година е клучна и можеби најважната за развојот на инфраструктурата во последните 70 години во таа земја.

Притоа министерот Мали кажал дека ќе почнат работите врз изградбата на така наречениот „Моравски коридор“  во должина од 110 km.

Со тој коридор ќе се поврзуваат градовите:  Чачак, Кралево, Крушевац, Појате…, a кој е од исклучителна важност за понатамошниот развој на овој регион – централна Србија.

Притоа тој додал и дека ќе се градат четири или, пет нови автомобилски патишта.

На крајот тој додал дека на патиштата низ Србија има се повеќе автомобили и дека инфраструктурата затоа мора значително да се подобри и да стане посовремена, поефикасна  и побезбедна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигнува и мал Land Rover!

Од 2020 TDI моторите со сервисни интервали од  24 месеци или 30.000 km

Вгодина пристигнува фантастичниот Nissan GT-R50 Italdesign !

Genesis ќе се продава и во Европа

Почна продажбата на новиот VW Golf8 цената на стартот солена 27,510 евра!

Видео: Од свечената премиера на новиот Kia Хсeed во Македонија

Изненадување:Tesla Model Y со производство стартува порано

Уникатен Rolls-Royce Phantom одии на аукција!

Од Ford – сината боја ќе доминира во 2020!