Во свитата на Путин наскоро и електричен мотоцикл Aurus Escort

Доналд Трамп го има „ѕверот“, Борис Џонсон го има оклопниот Jaguar, а сега, Владимир Путин има и Aurus Escort, електричен мотор кој ќе го придружув возилото на претседателот на Русија, како дел од придружбата и заштитата на претседателот….

Мотоциклот, кој ќе биде лансиран во 2022 година, ќе се приклучи на Aurus возниот парк на четири тркала,  со цел ќе бидат вклучени во заштита на еден од најмоќните лидери во светот.

И додека автомобилите Aurus  се напојуваат со конвенционален мотор, мотоциклот Aurus Escort  ќе има погон на електрична енергија.

Информациите за спецификациите на мотоциклот во моментов не се познати, иако една француска веб страница наведува дека Aurus Escort ќе има околу 150 КС, како и максимална брзина од 250 км/ч.

Предниот дел е сличен на изгледот на најновата генерација на Hondа Gold Wing, додека постои голема веројатност дека ќе се носи оружје во страничните куќишта, што би се користело за одбрана во случај на напад врз претседателската колона.

Кога станува збор за стилскиот изглед, тој е типично руски, агресивен изглед. Сепак, веруваме дека аеродинамиката не била на приоритетната листа на дизајнерите на мотоциклот Aurus Escort.

Можеби звучи чудно фактот што рускиот претседател претстави електричен мотор како дел од неговата придружба, имајќи предвид дека Русија е еден од најголемите производители на нафта и природен гас.

Сепак, бидејќи земјата сака да ја намали потрошувачката на овие ресурси во наредните години, тоа може да постави нов тренд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

210 години PEUGEOT! Години исполнети со емоции, индивидуалност и иновации

Hyundai до 2028 на пазарот ќе исфрли автомобили што летаат!

Ferrari Omologata уникат направен врз основа на 812 Superfast

Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Bugatti со хипер „тркач“ на струја!

Italjet Dragster

Босанскиот Tesla Cybertrack направен во Мостар, но нема електричен погон

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“