Во Топ 10 најпродавани автомобили на Стариот континент два модела на Dacia

Продажбата на автомобили во ЕУ се намали за 57% во мај во однос на истиот месец лани, пренесуваат агенциите…

Вкупниот пад на продажбата на автомобили во Европската унија во периодот јануари-мај 2020 година е 43%, според податоците објавени од ЈАТО Dynamics.

Истиот извор наведува дека најпродаван автомобил во мај бил Renault Clio, со 16.028 возила испорачани до 27-те земји на ЕУ.

На второто место се најде Golf со 13.155 продадени единици, а трет бил Peugeot 208 со испорачани 10.977 автомобили.

 

На четвртото место на листата на најпродавани автомобили во мај е Dacia Sandero  (10.651 единици), а на петтото е Renault Captur (10.047).

Меѓу првите десет се: VW T-Roc  (9.727), Opel Corsa (9.451), Dacia Duster (9.041), Citroen C3 (8.712) и VW Tiguan (8.689).

Списокот на најбараните електрични автомобили во ЕУ во мај го предводи Renault Zoe (3.679 возила), по што следат електричните VW Golf (2.474) и Tesla Model 3 (2.178).

Кога станува збор за хибридни модели, Toyota Corolla, C-HR и RAV4 на Toyota се во првите три во однос на продажбата.

Најбараните, пак, три plug-in хибридни  модели се: Ford Kuga, BMW X3 и VW Passat.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Daimler плати 1,5 милијарди долари за Регулаторот да ја запре постапката против него

Автомобилската индустрија во ЕУ произвела 2,4 милиони возила помалку

Есенски изненадувања од FIAT!

Ford ги запре испораките на Kugа PHEV поради опасност од самозапалување!

Mitsubishi од септември ги запира испораките на SUV возила во Европа

Уште еден познат автомобил исчезнува од пазарот во САД!

Toyota Corolla – Најпродаван автомобил во првата половина на 2020 година

Шефот на РЅА Opel од идната година ќе носи профит

Golf се врати на врвот на Европа!