Во Twingo CUP Eurocup од годинава и Македонија

Twingo CUP Eurocup ја стартува својата петта сезона, на која оваа година се  приклучува и нашата земја и тоа со трки како дел од Автомобилистичката Федерација на Македонија…

RENAULT SPORT како организатор на TWINGO CUP, официјални претставници на LEMA RACING TEAM и група претставници на медиумите се упатија кон тркачката патека во Серес, Грција.

На патеката се одржа првото  промотивно возење  на моделите од страна на натпреварувачите.

Претставниците од Lema Racing Team одржаа темелно претставување на моделот на возачите како и се одржа официјална презентација на правилата на учество за престојните трки за учесниците.

Во натпреварувачкиот куп моделите Renault Twingo  се унифицирани и специјално модифицирани од страна на  Lema Racing Team со цел да ги има сите безбедносни и брзински карактеристики.

Спецификација на возилото:

Основно возило за преработка на купот е типот: Renault Twingo 3 AHB 005;

Моторот поради преправките на издувната грана добива излезни 78hp;

Моделот Twingo амортизацијата ја добива од Eibach со посебно штелување на геометријата на тркалата;

-За безбедноста е избран реномираниот бренд Sparco roll cage, седиште наменето за тркање, сигурносни ремени, специјален систем за гасење на пожар, волан, педали, и заштитна мрежа од истиот производител;

Пневматиците се во полуслик изведба од производителот Nankang со Sparco алуминиумски фелни;

-Инструмент таблата е од производителот AIM на која е поставен GPS систем,бележи времиња, моментална брзина и вртежи;

-Возилото изобилува со останати аеродинамични посебни делови од LEMA.

За овој куп планирани се  8 трки (4 кружни и 4 ридскобрдски) во текот на наредните три години согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација кој ќе биде дополнително објавен.

На крајот од секоја сезона победниците односно за првите три места се одвоени парични награди.

На крајот од третата сезона како главна награда на купот  е 100% електричното возило Renault TWIZY.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монца под итно бара 60 милиони евра за опстанок во F1 календарот!

Renault Megane R.S. Trophy-R напад на рекордот на Hondi Civic Type R на Рингот!

Superb IV генерација во 2021 ќе биде премиум Škoda

Форд открива ново искуство со линијата на електрични возила „Go Electric”

Jaguar J -Pace со хибриден PHEV погон

Opel се фокусира на рели со ADAM и следната Corsa

Возачите на Alfa Romeo Racing F1 Team

Sаubеr и Alfa Romeo продолжуваат заедно како Alfa Romeo racing

Volkswagen ID. R најави уривање на рекордот на Nürburgring зa EV!