Во Volkswagen сметаат на „ќумур“ за да го заштитат производството

Извршниот директор на Volkswagen AG, Херберт Диз, предупреди дека транзицијата од руската енергија не се случува доволно брзо за да го заштити германскиот производител на автомобили од ненадеен прекин на снабдувањето со природен гас…

VW ќе ја задржи можноста за користење јаглен наместо гас за своите електрани поради зависноста на Германија од рускиот увоз, рече Херберт Диз (Herbert Diess) на Економскиот форум во Катар.

 

Иако е постигнат напредок во набавката на течен природен гас од САД и други земји, изградбата на потребната инфраструктура ќе потрае, пишува агенцијата  Bloomberg.

„Веројатно не оди доволно брзо. „Долгорочно, сигурен сум дека ќе станеме независни од рускиот гас“, изјави директорот на Volkswagen.

Диз воведе големи промени во VW за да ја предизвика Теslа како водечки производител на електрични возила. Германската компанија претстави нови модели на возила на батерии.

VW би можел да ја престигне Tesla како најголем производител на електрични возила во 2024 година.

Диз изјави дека VW има „најширок опсег на електрични возила на светскиот пазар“.

Шефот на VW рече дека не забележал значителен пад на побарувачката во автомобилската индустрија, а VW има нарачки за електрични возила за „околу една година“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

GМ се враќа во Европа со понуда на електрични возила

Ferrari ќе произведува возбудливи EV

Подновен Chery Tiggo 5x

Ferruccio Lamborghini стана член на Автомобилската куќа на славни

Тesla со сопствена лента на граничен премин

Се подготвува наследник на Bugatti Chiron

Полицијата на Франција го обожава иноцскиот радар

Маск сака брзи сервиси за моделите на Tesla како тие во pit-stop на F1

Toyota ја разви новата Tundra анализирајќи ја таа што поминала милион милји