Во Zenvo Automotive планираат хибриден супер автомобил

Данскиот производител, или подобро речено специјализирана работилница на мали ексклузивни серии на супер спортски автомобили Zenvo Automotive се подготвува да понуди нов супер спортски автомобил и тоа во рок од само неколку години…

Поточно, нивниот следен супер спортски модел ќе се појави веќе во 2023 година, и ќе има хибриден погонски склоп.

Засега е познато дека новиот Zenvo ќе се базира на шасијата на моделот TSR-S, како и дека покрај хибридниот погонски систем, ќе има и погон на сите четири тркала.

Кристијан Брандт ( Christian Brandt), директор за дизајн во Zenvo Automotive, ќе биде задолжен за изгледот.

Тој најавува дека посебно внимание ќе се посвети на аеродинамиката и намалувањето на тежината (со обилна употреба на елементи од јаглеродни влакна).

Исто така, во Zenvo планираат да го зголемат и своето производството (во моментов оваа компанија со 30 вработени произведува само пет возила годишно).

Едноставно целта на Компанијата е да ги понуди своите „супер спортисти“ на четири тркала и на нови пазари (на пример, во САД, каде планира да продава од 10, до 15 возила годишно).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов Lexus LX

Подновување на Ford Focus!

Нов BMW Series 7 и електричната верзија i7

Ford Tourneo Connect

Подновена Подновена KIA Forte

Најнови слики Škoda Slavia

Zero Motorcycle

Новата ŠKODA KODIAQ SUV ве „плени“ за една минута!

Новиот Audi A4 пристига 2023 ги задржува бензинците и дизелите