Во Женава Toyota ќе настапи со мал crossover oд B сегментот

На почетоkот на март годинава, на претстојниот салон за автомобили на брегот на Женевското езеро најголемиот производител на автомобили од Јапонија ќе претстави мал crossover базиран на новиот Yaris ….

Во B сегментот во Европа има многу „ловци“ на муштерии, но во Toyota веруваат дека има простор за уште еден crossover во тие води!.

Возилот што во медиумите го нарекуваат B-SUV (се уште не е откриено името) , што го „спојува високото искуство кое го пружа малиот автомобил со SUV наследство“,  што претставува  начин да се објасни дека Yaris доби соодветен третман со кој автомобилот е претворен во модел со зголемен клиренс, односно добива кросовер форма.

На новиот тизер објавен од Toyota, може да се добие ограничен преглед во задниот дел од возилото, како и ознаките на долниот десен агол од задната врата, кои откриваат дека малиот кросовер ќе биде достапен со погон на четири тркала и хибридна технологија.

Синото лого на Toyota дополнително ја означува електрифицираната поставка, додека тенките куќишта на LED светлосната група се протегаат на задната врата.

Од претходниот тизер  во вид на профилен цртеж, навестува речиси рамна линија на покривот, што најавува поголма практичност од C-HR.

Новиот B-SUV ќе биде позициониран под C-HR во портфолиото на Toyota и ќе биде подолг, повисок и поширок од Yaris, ќе има и подолго меѓуосовинско растојание и подесен систем на потпирање адаптиран за теренско возење, што секако ќе го издвои од конкуренцијата.

Поради тоа, на новиот B-SUV не треба да се гледа како на класичен Yaris кросовер, бидејќи освен посебниот дизајн, ќе се одликува и со посебен карактер, а со Yaris ја споделува  TNGA-B платформата и 1,5-литарскиот бензински мотор со хибриден систем.

Неговата премиера е зачажана за трети март на Саемот за автомобили во Женева, покрај новините: втората генерација на Mirai, RAV4 Plug-in Hybrid и GR Yaris, како и неодамна претставената Supra 2.0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyperion XP-1 Супер автомобил од другата страна на Големата бара

Audi официјално ги покажа новите S3 и како лимузина и како Hatchback

Најава: Ram 1500 TRX дебитира на 17 август

Конечно BMW M3 Touring!

Kia го покажа новиот дизајн за Stinger

Повторно „уловен” новиот VW Golf R

Toyota RAV4 Hybrid Black Edition-Полноќно црна!

Време e за електрична енергија: Новиот Opel Vivaro-e во продажба во Германија со цена од 26.650 евра со еколошки бонус

Lyriq -првиот електричен модел на Cadillac го напаѓа Tesla на домашна почва!