Во Женева деби на луксуз со Bentley Mulliner Bacalar

Специјалната, Mulliner дивизија, на Bentley, го најави дебито на новиот модел Bacalar и тоа веќе за почетокот на следниот месец и Саемот за автомобили во Женева…

Тоа е луксузен GT автомобил кој ќе се изработува рачно и во мошне ограничен број на примероци, а своето име го добива по езеро во Мексико.

Во овој момент не се знае дали Bentley Mulliner Bacalar ќе добие стајлинг инспириран од изгледот на Bentley концептот EXP 100 GT, со ексклузивна внатрешност со преубав, но и драматичен дизајн, што футуризмот го спокува сораскошен гламур.

Ексклузивно рачно изработен од Bentley Mulliner, најстариот производител на каросерии во светот, Bacalar го претставува GT во своето највозбудливо издание.

 

Одржливите и етички изворни материјали се споени со дизајн инспириран од концептот EXP, што Bentley ќе го претстави на трети март годинава, на првиот новинарски ден на салонот за автомобили во Женева.

Од овој познат аросерист потврдија деака ќе произведат строго лимитирана серија од само 10 до 12 примероци, а тоа значи дека малкумина ќе ја имаат привилегијата да уживаат во оваа креација на луксуз, перформанси и управливосст на четири тркала.

Во моментот нема конкретните детали  во однос на погонскиот систем но се шпекулира дека најверојано ќе биде имплементиран познатиот W 12 мотор, со работен волумен од 6,0-литри и со максимална моќ од 626 КС.

Од внатрешни извори во Bentley е кажано дека цената на секој примерок ќе изнесува околу два милиони американски долари .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Citroen подготвуваат наследници на С4 и на Cactus

Нови фотки и детали за Hyundai Prophecy

Иако се уште не е во продажба за него стасала над 600.000 нарачки

Годинава Volkswagen со plug in hybrid погони во Tiguan и Arteon

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Претставен Genesis G80, лимузина “џелат” на Mercedes Е класа…

Баварците подготвуваат лимитиран број X5 изведби со погон на хидроген за 2022

Во план и Hyundai Elantra N

Нови фотографии на продукциската верзија на Peugeot 508 PSE