Volkswagen апсолутен крал на „Рингот“, електричниот ID.R просто неверојатен!

Електричниот модел на Германците во буквална смисла на зборот се поигрувал на легендарната тркачка патека и со претходниот рекорд надминувајќи го за верувале или не дури 40 секунди, брутален предизвик за конкуренцијата …

Деновиве Volkswagen направи уште една пресвртница во електричната мобилност.

Нивниот електричен автомобил  ID.R, задвижуван со два електромотора, ја покори легендарната патека Нирбургринг – Нордшлеифе (Nürburgring-Nordschleife) за само 6:05.336 минути, односно побрзо од било кое електрично возило пред него.

Французинот Ромеин Думас (Romain Dumas ) го надмина претходниот рекорд поставен од Петер Думбреск (Peter Dumbreck) од Велика Британија, со NIO EP9, во  2017 година за неверојатни 40.564 секунди.

Притоа Французинот постигнал просечна брзина од 206,96 km/h.

Моделот ID.R уште еднаш ги потенцира импресивните перформанси на електричниот погон на автомобил на  Volkswagen.

Станува збор за 500-kW (680 KS) моќен тркачки автомобил без емисија на издувни гасови кој воедно е и показател како ќе изгледа иднината со целосно електрична идентификација.

Сега е дефинитивно дека гигантот од Волфсбург, Volkswagen  и официјално чекори во неа.

Сепак апсолутниот владетел на Рингот и понатаму останува неверојатниот Porsche 919, а неговото постигнато време тешко дека во блиска иднина ќе биде надминато.

Само како потсетување ќе речеме дека постигнувањето на Porsche 911 изнесува само 5:19.55 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хет-трик на Мартин Делев на TWINGO CUP

На Стефановски му одземаа подиум со 25 секунди казна

Му ја украдоа победата на Иџе, па жестоко удри по Италијанците

Ultima RS- Хипер автомобил од Англија со 1.200 расни „грла“

Ескалираа работите во таборот од Маранело: Леклер сензационално сака да си замине?!

Игор Стефановски – Иџе со Hyundai јуриша на круна воTCR Италија шампионат!

Замина уште една голема Formula 1 Икона- Почина Ники Лауда

Триумф за Мартин Делев на првата трка на TWINGO CUP 

Шефот на F1 тимот на Mercedes на чело на Formula 1 натпреварувањето!