Volkswagen Arteon (2021): ќе има Shooting Brake верзија со 333 KС

Volkswagen Arteon, coupe – limousine верзија на Passat, претставена во март 2017 година не го постигна очекуваниот успех, па лидерите од Волфсбург планираат дополнителен чекор напред…

Порталот Carscoops носи визија за новата верзија, која треба да пристигне уште во 2021 година.

Стајлингот се заснова главно на нова маска со LED фарови и „пеглање” на аеродинамиката, со што ќе се намали коефициентот на отпор на воздухот на 0,25.

Опремата ќе биде спортска и луксузно компонирана, LED кокпитот збогатен со нови гаџети.

И голема вест би можела да биде верзијата Shooting Brake, со која Аrteon би можел да „откине” посериозен залак од американскиот пазар.

Треба да се потенцира и Top Gun верзијата R што ќе биде опремена со 2,0- литарски турбо бензинец со 333 КС.

Овој агрегат доаѓа во комбинаија со автоматски менувач на брзини со седум  степени на пренос на силата- DSG 7, како и со погон на сите четири тркала 4Motion.

Се зборуваше ( во интерни крухови) и за верзијата 3,0- литарски мотор со шест цилинри поставени во форма на латинската буква V, што ќе ја понесе ознаката R  со моќ од над 400 КС.

Но, се чини дека во овојј момнт тоа и не е толку многу важно, односно, во согласност со ситуацијата, по пандемијата од корона вирусот, од тоа на обичен народен јазик ажано -нема ништо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot 108 доби освежување и нови бои

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born

Спортскиот Hyundai i10 N Line доаѓа од Измир!

Во Peugeot подготвуваат мини crossover- 1008?

Почнува откривањето на новата S Class (W223)