Volkswagen Arteon eHybrid

Volkswagen ја претстави долго најавуваната Arteon Shooting Brake кон крајот на јуни годинава, заедно со обновената верзија на стандардниот Arteon, како и спортските Arteon R и Arteon eHybrid (Plug-in Hybrid), а сега и официјално се појавуваат на пазарот на Стариот континент и Arteon eHybrid и Arteon Shooting Brake eHybrid  изведбите…

Само како потсетување ќе наведеме дека рестилизираниот Arteon се одликува со префинет преден дел (промени во решетката, браникот, отворите за воздух и фаровите), хромирани детали, нови задни светла, поспортски издувен систем и нов заден дифузор. Исто така, тука е и гама на фелни со нов дизајн, излиени од алуминиум.

Внатрешноста исто така е модернизирана, со информатвно-забавен систем MIB3 со, 10,3-инчен дигитален кокпит, нов волан и рафинирана централна конзола.

Покрај тоа, тука се Android Auto и Apple CarPlay, поѕоа  амбиентално осветлување (со 30 бои) harman/kardon премиум аудио систем од 700 вати, како и бројни системи за безбедност и помош на возачот (меѓу другото, Travel Assist систем  полуавтономно возење, активно при брзина до 210 км / ч).

Што се однесува до Arteona Shooting Brake има модифициран заден дел, со продолжен кров и поголем багажник.

Arteon eHybrid е Plug-in Hybrid верзија, што значи комбинација од 1,4 TSI турбо бензинец и електромотор, со вкупно 160 kW / 218HP и 400 Nm, со батерија од 13 kWh и автономија во електричен режим на возење до 59 km (верзија Shooting Brake 57 km).

Од Volkswagen исто така наведуваat дека вкупната автономија е повеќе од 900 км. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч изнесува 7,8 секунди, додека максималната брзина е 222 км/ч.

Arteon eHybrid се нуди со два пакети на опрема (Elegance и R-Line), а и двата се со 18-инчни алуминиумски тркала, LED фарови со Light Assist, LED задни светла, кожен мултифункционален волан, предни седишта со греачи, Park Assist систем, дигитална табла со инструменти и 8,0-инчен екран на информативно -забавниот систем.

Цените на Arteon eHybrid во Германија започнуваат од 51 000 евра, или 51.900 евра за Arteon Shooting Brake eHybrid.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И официјално BMW M5 C5

Mini ги поднови своите hatchback и cabrio модели

Toyota Highlander за прв ќе се продава и на Стариот континент

Новата генерација на Škoda Fabia и можен канибализам во Групата VW

Шпионски фотографии на новиот Citroen C5 за 2022 година

Hurtan Grand Albaycin

Премиерата на новиот DS 4 закажана за 3 февруари

Hyundai покажа нови „тизери“ за новиот електичен crossover модел Bayon

Промоцијата Volkswagenov I.D. Buzz одложена за  2023