Volkswagen Beach Buggy-e премиерно во Женева

Од Волфсбург потврдија електричното Beach Buggy на почетокот на март ќе дебитира на салонот за автомобили крај Женевското езеро Palexpo 2019

Кон крајот на минатата 2018 година пишувавме за тоа дека Volkswagen во Женева ќе престави студија на модерна интерпретација на моделот Meyers Manx што се темелел на VW-Beetle, односно на познатиот Beach Buggy, а сега сето тоа и официјално е потврдено и кон објавата се приложени и тизер фотографии.

Концептот ќе биде изграден околу MEB платформата на Volkswagen што е наменета за електрични возила и следствено на тоа произлегува заклучок дека модерната Buggy верзија ќе има електричен погонски склоп што всушност и прилега на актуелниот тренд во автомобилската индустрија.

Големите тркала и високиот клиренс, оддалеченоста на подот од подлогата,ќе обезбедат уверлив off-road настап, a лесо е можно и концептот да добие погон на сите четири тркала.

Кога станува збор за изгледот на возилото се чини дека сите елементи се присутни: Надворешноста е заоблена, покривот е отворен,нема врати , а се чини дека и „по слободниот“ избор на бои ќе потсети на čоригиналниот модел.

Официјалната премиера ќе биде на на почетокот на март тековната 2019 година на претстојниот салон за автомобили во Женева, но засега нема информации за можноста на сериско производство на овој автомобил.

Ако и до истата дојде, треба да се очекува дека сериското возило ќе биде дел од ID линијата на VW, а можно е конечната одлука за производство да биде однесена по анализа на реакциите на јавноста по премиерата во Женева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Citroen најави нов електричен автомобил

Изберете име за некои од новите модели на Lada!!!

Новата Hyundai Sonata има дигитален (паметен) клуч!

Genesis планира сериско производство на електричното купе!

Nikola со off road возила, воден скутер…!?

Hyundai со нов crossover Cretan во Шангај 2019

Volvo XC60 со Plastics Recycling Awards Europe

ŠKODA KODIAQ, OCTAVIA SCOUT и SUPERB – Најдобри возила со погон на сите тркала

Во Bentley подготвуваат поголем SUV