Volkswagen e-Bulli T1 Samba: електрична реинкарнација на култното комби

Легендарното комби може да вози со топ брзина од 130 км/ч и при тоа да има автономија на возење со едно полнење на батериите до 300 км…

Од Volkswagen комерцијални возила го претставија e-Bulli, реинкарнацијата на култниот транспортер Volkswagen T1 Samba, со 23 прозорци , најценетата верзија на првата генерација

Само како потсетување ќе речеме дека станува збор за верзија што во 1966 година била опремена со боксер мотор со четири цилиндри – бензинец, со воздушно ладење , со работен волумен од 1493 кубни сантиметри и моќ од 44 KS, со кој можел да вози со максимална брзина од 195 км/ч.

Електричната верзија – Volkswagen e-Bulli T1 Samba, што го задржа легендарниот оригинален и изворен дизајн  со сите стилски елементи, облагороден е со hi-tech технологија.

За погонски систем е употребен AC електромотор со моќ од 60 kW (83 KS), каде повеќе од силата значат 212 Нм на вртежниот момент, достапен од „нула” вртежи.

Поради тоа не му е потребен менувач бидејќи силата ја пренесува на диференцијал, со погонски вратила со хомокинетички зглобови поврзани со задните тркала , со редуктор со еден степен.

Преку инвертерски претворач на напон се напојува од пакетот на литиум – јонски батерии со капацитет на моќ од 45 kWh.

Возачот може д избира помеѓу петте програми на работа, од првиот со најголем степен на електро-моторно кочење( „повратот’ односно претворување на кинетичката енергија во стуја), до петтиот со краткотрајна електрична инјекција на сила.

Максималната брзина што ја постигнува електричниот Bulli изнесува 130 км/ч, a досегот со едно полнење на батериите изнесува 300 км.

Засега станува збор само за студија, но истата ќе се искористи како основа за креирање на потполно нова верзија на e-Bulli…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страничното паркирање никогаш полесно

Honda најави опции на рачни контроли во новите модели

Технолошки и безбедносен напредок – BMW Driving Assistant View

Michelin најавува од 2023 гумите доаѓаат со чипови

BMW патентира волан што менува форма

Samsung претстави батерија за EV со досег од 800 км

Car2X нов технолошки бисер што доаѓа во Golf 8!

Авто-пилотот на Tesla ќе ги детектира боите на семафорите

Cupra Leon Competición подготвена за патеки со помош на 3Д принтер