Volkswagen го најави Caddy Mini-Camper

Новиот Volkswagen Caddy ќе добие и верзија на camper во септември оваа година, а за тоа како најава може да послужат и овие фабрички тизер фотографии…

Автомобилот е официјално наречен Caddy Mini-Camper, а во опсегот на германската компанија ќе заземе место под моделите California и Grand California.

Според тековните најави, Caddy Mini-Camper ќе добие, меѓу другото, речиси два метри долг кревет (постела), потоа панорамски стаклен покрив од 1,4 квадратни метри (кој може да се затемни), како и комплет столици за кампување и помала маса.

Во палетата на погонски агрегати во понудата ќе бидат вклучува TDI дизели (со моќност од 55 kW / 75hp, па се до 90 kW / 122 КС), како и турбо бензински мотори што ќе располагаат со моќ од 84 kW / 116 КС

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia го покажа новиот дизајн за Stinger

Повторно „уловен” новиот VW Golf R

Toyota RAV4 Hybrid Black Edition-Полноќно црна!

Време e за електрична енергија: Новиот Opel Vivaro-e во продажба во Германија со цена од 26.650 евра со еколошки бонус

Lyriq -првиот електричен модел на Cadillac го напаѓа Tesla на домашна почва!  

Delage D12

Plug-in hybrid BMW 545e

Kia Sonet и официјално

McLaren GT Novitec супериорност крената на повисоко рамниште !