Volkswagen го продава малцинскиот удел во Electrify America,

Волксњаген е пред склучување договор за продажба на малцинскиот удел во својата компанија за полначи за електрични возила, филијала на Siemens…

Со оваа трансакција компанијата би достигнала вредност од повеќе од две милијарди долари, според извори запознаени со бизнисот на компанијата, пишува Wall Street Journal.

Како што се наведува, договорот ќе биде објавен оваа недела, доколку не дојде до промена на преговорите.

Продажбата на дел од  Electrify America, чија матична компанија е Volkswagen, би требало да генерира дополнителен приход како дел од планот за двојно зголемување на бројот на станици за полнење автомобили во САД и делови од Канада на 1.800 до 2026 година. Дополнително, оваа компанија ќе понуди и полначи за домашна употреба.

Volkswagen ја основа  Electrify America,  во 2016 година со цел да ја покаже својата посветеност на зелените цели, откако американските законодавци ја обвинија компанијата дека инсталирала уред кој не го покажува точното ниво на штетни емисии во дизелите.

Извршниот директор на компанијата изјави претходно овој месец дека автомобилската компанија планира да изгради нови погони за монтажа на автомобили и производство на батерии во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Formula1 објавен календарот за наредната сезона со рекордни 24 трки!

Porsche и Red Bull партнерство што нема да се случи

Испораките на електричниот камион Tesla Semi започнуваат кон крајот на годинава

Audi го потврди влегувањето во Formula 1

Nio отвора прва фабрика за електрични автомобили во Европа

Formula 1 од 2025 година со потполно одржливи горива

BYD станува „кошмар“ за Tesla и VW

Apple презема важен инженер од Lamborghini

Chevrolet Seeker Официјално