Volkswagen го слави 45-от роденден на Golfa GTI

Volkswagen го претстави првиот Golf GTI во 1975 година на Саемот за автомобили во Франкфурт, а 45 години подоцна, легендарната ознака на GTI ја носи и осмата генерација Golf…

Првиот Golf GTI беше создаден во тајност, а кога управатa на Volkswagena во март 1975 година конечно даде зелено светло да започне со производство на моделот, кој важи за основач на сегментот hothatch, тие немаа ниту најмала идеја дека наместо планираните 5.000 на крајот ќе направат и продадат 461.690 примероци на лесниот и агилен дво-волумен чии 110 КС беа доволни за нешто повеќе од 180 км на час-  sвездата беше родена!

Втората генерација Golf GTI беше претставена во 1984 година. Со два вентили по цилиндар, 1,8-литарскиот мотор со четири цилиндри имал 112 КС, а помоќната верзија со мотор со повеќе вентили (GTI 16v) ​нудела на возачот 139 КС. Со воведувањето на компресорот G60, најмоќниот втора генерација GTI произведе 160 КС.

Третиот Golf GTI беше претставен во 1991 година, и беше придвижуван од нов дволитарски мотор со четири цилиндри, со повеќе вентили кој развивал 150 КС, што беше доволно за 215 км на час и забрзување од 0 до 100 км/ч за 8,3 секунди.

Напуштањето на неколку препознатливи детали на и во каросеријата е направено со четвртата генерација Golf GTI понудена во комбинација со бензински и дизел мотори, а на врвот на понудатат (во чест на 25-годишнината од првиот голф GTI) беше 1,8-литарска, со четири цилиндр турбо бензински мотор со 180 КС.

Со голф GTI од петтата генерација, Волфсбург ја враќа црвената рамка на решетката на радијаторот и карактеристичните карирани навлаки на седишта. Дволитарскиот турбо бензинец развива 200 КС, а со подоцнежното јубилејно издание моќноста е зголемена на 230 КС. Таков GTI „Петка“ достигна скоро 250 км/ч.

Volkswagen ја воведе шестата генерација Golf GTI во 2009 година, а за подобро лежење  на преднта оска за прв пат помага електронската блокада на диференцијалот. Силата на дволитарскиот турбо бензин е 211 КС, а моторот во изданието со кој VW го одбележа 35-тиот роденден на GTI  „играше“ со 235 КС, што беше доволно за забрзување од 0 до 100 км/ч за 6,6 секунди и 247 км / ч.

Со седмата генерација Golf GTI, Volkswagen за прв пат понуди дволитарски турбо бензински мотор со две моќности (220 и 230 КС), а помоќната верзија (Performance Пакет ) достигна 250 км на час.

На врвот на понудата се најде лесниот Golf GTI Clubsport S наменет за љубителите на возење на тркачка патека, во чиј дволитарски турбо бензинец, одделот Volkswagen Motorsport сместил дури 310 КС.

Неодамна претставената осма генерација Golf GTI (чиј дволитарски турбо-полнач на бензински мотор развива 245 КС) допрва треба да се докаже, но сите се уверени дека ќе продолжат на патот кон успехот што го следат претходниците низ минатите 45 години.

За среќа, во управата на VW уште во 1975 година, биле сочувствителни кон резултатите на инженерите ентузијастите кои сметаа дека Golf може да биде повеќе од скромно превозно средство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha

BMW M2 (2021): нов ултра-спортски дериват на баварскиот компактен тркач

Murray T.50 со премиера во Август

Видео: Ken Block дрифтува во монструмот со шест тркала на Ford

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!