Volkswagen Half-track Fox популарното комбе на гасеници!

Volkswagen ја заврши реставрацијата на едно специјално комбе Т1….

Станува збор за возилото со полу гасеничар, кое било конструирано во 1960-тите години, долго чекало да биде обновено и конечно да заблеска. Таканаречениот Half-track Fox го започна животот како комбе VW T1 од 1962 година.

Возилото дошло во рацете на австрискиот механичар Курт Крецнер (Kurt Kretzner), кој го модифицирал за возење по Алпите.

Целта на Крецнер била  да произведе комбе кое лесно може да се справи со тежок терен на планинските падини, а истовремено да биде лесно за возење, пренесуваат специјализираните портали.

Алуминиумските гасеници со гумени блокови се поставени на две оски на задни тркала од 13 инчи.

Ова овозможи добро возење напред по снег и кал.

Во меѓувреме, двете предни оски се опремени со 14-инчни двојни тркала и му овозможуваат на возилото да има маневрирање како конвенционално комбе. Half-track Fox го задржа стандардниот мотор, бензинец од 1,2 литри со само 33 коњски сили.

Двете оски со гасениц се опремени со диференцијална брава. Максималната брзина е само 35 km/h.

Крецнер на почетокот имал големи планови, но завршил само два примерока. На крајот на 2018 година, единствениот преживеан Half-track Fox беше проследен до Одделот за класични комерцијални возила на Volkswagen, кој го врати во првобитната состојба.

Внатрешноста беше можност за креативноста на тимот за реставрација, бидејќи немаше вистински записи за оригиналниот изглед на возилото.

Внатре е поставен свеж елемент од бука и бор, заедно со додатоци за алати и друга опрема погодна за алпски услови.

По завршувањето во февруари тековната 2022 година, Volkswagen го испрати возилото на снег.

Тест возење откри неверојатна способност за возење на угорница…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По речиси две децении Audi нема да ги спонзорира „кралевите“ од Мадрид ги „истурка“ BMW

Новиот Cadillac Celestiq ќе биде поскап за 30% од Bentley Flying Spur

Тркачки Porsche

Најчувствителен лак имаат автомобилите со црвена боја

Електричниот Mercedes Vision EQXX со едно полнење поминал 1.202 km!

Во Volkswagen сметаат на „ќумур“ за да го заштитат производството

Почна склопување на поедноставни Lada Niva Legend и Lada Niva Travel

Tesla заборавен на постојката за полнење EV – сопственикот заминал на одмор!

VW Air дебитира утре- 27 јуни