Volkswagen ID.3 и Polestar 2 со титули во изборот за автомобил на годината 2021 година во Германија

Новиот Volkswagen ID.3 е победник во една од категориите за „Германски автомобил на годината 2021“ (GCOTY), исто како и Polestar 2…

Во изборот на Германците автомобилите се натпреваруваат во вкупно пет категории, а апсолутниот победник е избран меѓу оние кои триумфирале по класи.

Според специјализитаните портали, GCOTY се потпира на жири составено од 18 реномирани автомобилски новинари, кои гласаат за победниците по категории, во рамките на широкиот список на кандидати.

Вест што вреди да се спомене е дека моделите на Volkswagen победија во две од петте категории. Golf Мк8 и ID.3 имаат обезбедено титули во своите „класи“, како и Polestar 2 во неговата.

Сега останува да видиме дали некој од електричните автомобили ќе ја освои апсолутната титула, трета година по ред.

Жирито на GCOTY првично имаше 72 различни модели на списокот, кои беа поделени во пет категории: компактни, премиум, луксузни, New Energy и перформанс автомобили.

Во категоријата „компактни“ кандидатите мора да имаат почетна цена до 25.000 евра.

Премиум моделите се ограничени на најмногу 50 000 евра, додека поскапите примероци на четири тркала се вклучени во категоријата луксузни возила. Секако, сегментот New Energy  промовира алтернативни погони, додека „спортистите“ се натпреваруваат во категоријата перформанс автомобили.

Моделот ID.3 е номиниран и во премиум категоријата, како и категоријата New Energy.

Она што е интересно е дека Tesla Model Y исто така се најде во две категории, луксузни и New Energy, всушност исто како и Скандинавскиот Polestar 2, кој победи во првата наведена категорија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста

Произведени 200.000 BMW i3

Ова се финалистите на Autobest Best Buy Car за 2021

Peugeot го стартува дигиталниот Salon Peugeot