Volkswagen ID.4 дебитира во април на салонот за автомобили во Њујорк

Освен серискиот hatchback на струја- моделот ID.3, од Volkswagen уште во ссептември минатата година, на салонот за автомобили во Франкфурт го изложија пред серискиот производ на нивниот иден crossover модел…

Потоа тој crossover е покажан и во Кина, но и натаму добро маскиран, а конечниот продукциски модел премиера ќе има, како што најавија од Волфсбург, во април тековната 2020 година на салонот за автомобили во Њујорк. Исто така, некој инсајдерси извори, навестија дека моделот ќе се појави под името ID.4.

Токму така ID.4 e  веќе најавен со концептот  ID Crozz,што значи дека треба да очекуваме автомобил направен врз MEB платформата, со распоред на масата 48:52 напред/назад, два електромотора (комбинирана сила од 302KS и 450 Nm), како и литиум – јонса батерија со капацитет од 83 kWh.

Автономијата на возење, со едно полнење на овој crossover од Волфсбург ќе изнсува до  500 km, додека, па, максималната брзина, најверојатн, ќе биде лимитирана (еелектронски) на 180 km/h.

Исто така, автомобилот со два реда на седиштата ќе биде глобален производ бидејќи освен на Стариот континент ќе се продава и на пазарите во САД и во Кина , со тоа што во Кина за неговото производство ќе се грижи тамоѓната заедничка компанија на Германците и на Кнезите SAIC-VW.

Освен моделот  ID.4, малку подоцна би требало да се појави и неговата  Coupe-SUV верзија што ќе се вика ID.5.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонска премиера на Volkswagen Golf 8

Се планира и спортски Volkswagen ID.

Nissan switch сервис: Секој ден возиш друг автомобил!

Polestar Precept concept пристигнува во Женева 2020

Aiways U6ion concept во Женева

Bentley Continental GT Cabrio by Mulliner врв на луксуз со отворен покрив!

Renault Morphoz concept автономна електрична иднината на  Французите

На Palexpo 2020 и Dacia со концепт на струја!

Над половина милион нарачки за електричниот pick-up на Tesla