Volkswagen ID. R најави уривање на рекордот на Nürburgring зa EV!

Победникот на Pikes Peak Ромеин Дума ( Romain Dumas) поминал круг во моделот кој ја најавува иднината на марката од Волфсбург (Wolfsburg)

По рекордното време постигнато на познатиот Пикес Пик (Рikes Peak) рели предизвикот, на потег е ID. R, Новиот целосно електричен модел на  Volkswagen што е само во најави и веќе сега сака да го урне рекордот по круг за електрични автомобили на Нирбургринг – Нордшлајф (Nürburgring-Nordschleife), што се смета за најтешката тркачка патека на светот.

Задачите на R motosporta се декларација на преданоста на  Volkswagen кон електромобилите и електро – мобилноста и нагласување на огромниот потенцијал на сила што E-погонот може да ја оствари на патот во иднина. „ По рекордот на Пајк Пик (Pikes Peak), најбрзото време за електричните автомобили на Нирбургринг –Нордшлајф ( Nürburgring-Nordschleife) е следниот голем предизвик за лична потврда и изразување на R, вели директорот на Volkswagen Motorsport Свен Смитс ( Sven Smeets).

Снимката од кругот на Нордшлајф е исклучително признание  за било кој автомобил, без разлика дали станува збор за тркачки или големо сериски автомобил.”

Како и да е за соборување на рекордот за електрични автомобили на најтешката тркачка патека во светот, сепак, ќе треба да почекаме, Volkswagen своето рекордно возење го најави за летото тековната 2019 година...

Инаку ID. R e амбасадор на цела низа електрични возила, што Volkswagen планира да ги лансира од наредната 2020 година па натаму со ознака ID.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монца под итно бара 60 милиони евра за опстанок во F1 календарот!

Renault Megane R.S. Trophy-R напад на рекордот на Hondi Civic Type R на Рингот!

Во Twingo CUP Eurocup од годинава и Македонија

Superb IV генерација во 2021 ќе биде премиум Škoda

Форд открива ново искуство со линијата на електрични возила „Go Electric”

Jaguar J -Pace со хибриден PHEV погон

Opel се фокусира на рели со ADAM и следната Corsa

Возачите на Alfa Romeo Racing F1 Team

Sаubеr и Alfa Romeo продолжуваат заедно како Alfa Romeo racing