Volkswagen ID. Roomzz Concept во Шангај 2019

Eелектричниот SUV концепт на брендот има убава автономија од 450 km, а најубавата вест е дека на пазарот треба да се појави за две години…

Во Шангај VW го претстави својот нов електричен SUV модел, концепт Volkswagen ID. Roomzz, долг 4.920 mm (за 42 mm подолг од Touareg), а во оваа фаза има четири седишта, додека во производна верзија ќе има седум.

Дизајнот на  ID. Roomzz нуди автономност од четврто односно дек во повеќето ситуации може да управува сам.

За да се стартува режимот на самостојно возење, возачот треба да го притисне логото на Volkswagen поставено на управувачот и да го задржи пет секунди, по што управувачот се вклопува во инструмент таблата и обезбедува повеќе простор во кабината.

Седиштата се приспособлив и флексибилни за разместување за внатрешноста на ID. Roomzz да може многу лесно да заличи и на дневна соба.

Пристапот до оваа соба е олеснет со лизгачките врати и предните и задните , без централен столб (баарем засега во концептот)

Секое седиште може да се ротира навнатре за 25 % за полесна и поубава комуникација помеѓу возачот и патниците. Тој распоред се добива само кога автомобилот е во автономен режим на работа.

Со повторно притискање на логото на управувачот, возачот ја превзема контролата врз автомобилот.

Внатрешноста се одликува со еколошки карактер, со седишта изработени со материјал кој содржи остатоци од производството на сок од јаболко, а Volkswagen го нарекува AppleSkin.

Материјалот може да замени дури 20% од полиуретанот што се користи во седиштето. Наместо конвенционалната управувачка табла, електричниот SUV добива дигитален стаклен преден панел, а управувачот ја добива и функцијата на визуелен дисплеј.

Интерактивните светлосни зони имаат задача да испраќа информации до патниците со помош на сензитивни светлосни ефекти.

Поголемиот дел од моќноста кај концептот Volkswagen ID. Roomzz е обезбедена од 150 kW електричен пакет батери сместени во подот, која е комбинирана со помал електричен мотор од 75 kW, во задниот дел на автомобилот. Taа комбинација на електричниот модел му овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 6,6 секудни и топ брзина ограничена на 180 km/h.

Напојувањето е изведено со батерија која доаѓа со капацитет од 82 kWh и опција за безжично полнење, благодарение на која концептот со едно полнење може да измине 450 km.

Концептот Volkswagen ID. Roomzz претставува првиот член од ID-семејството на електрични автомобили, каде што светлосниот потпис на задниот дел може да се прилагоди преку апликација на паметните телефони.

Томас Улбрих, првиот човек на одделот за е- мобилност на Volkswagen, кажа дека Компанијата ќе почне со производство на 33 потполно електрични автомобили до средината на 2023 година, користејќи ја MEB платформата за електрични модели за брендовите Skoda, Seat, Audi и VW.

„Во следните 10 години планираме да произведеме над 22 милиони EV “, рекол Херберт Диес, извршен директор на Volkswagen Group.

Тој истакна дека половина од инженерите на брендот работат на производи наменети за пазарот во Кина.

На крајот потврдија дека планираат лансирање на производна верзија на ID Roomzz, базирана врз електрична MEB платформа на VW, со седум седишта,во класа на големи електрични  SUV возила, како Tesla Model X.

Неговата појава на пазарот е предвидена за 2021 година, најнапред на пазарот во Кина, апотоа ќе следуваат пазарите во САД и на Стариот континент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Venue и официјално во Њујорк 2019!

Подновениот Audi R8 претставен во Њујорк 2019

Peugeot 508L PHEV со глобално деби на Шангај 2019

Глобална премиера на Porsche Cayenne Coupe во Шангај 2019

Renault City K-ZE електричен SUV промовиран во Шангај 2019

Шангај -светска промоција на првиот целосно електричен автомобил на Aston Martin

Во Шангај VW покрај Uz I.D. Roomzz concept и со SMV Concept и SUV Coupe Concept

Уловен новиот Ferrari FXX K Evo

Peugeot e-208 сака да биде најдобар автомобил на струја од ниската класа!