Volkswagen ќе ги задржи рачните менувачи се додека има барања за нив!

Volkswagen знае дека се уште е голем бројот на купувачите што повеќе преферираат самите да ги менуваат брзините – механички, па поради тоа уште дого време во својата понуда ќе имаат и мануелни менувачи на брзини …

Матијас Рабе (Matthias Rabe), раководител на одделот за технички развој на марката Volkswagen патнички автомобили, за Autocar рекол дека “некои луѓе уживаат во враќањето кон корените и во рачното менување на брзините.”

За тој сегмент на пазарот, VW се залага за одржување на постапката со три „ педали’ се додека побарувачката за тоа не исчезне.

Покрај up! GTI наскоро во понуда ќе стаса и Polo GTI со рачен менувач, a времето ќе покаже дали и најавениот Golf R, како и претходниот, сериски ќе се нуди со рачен менувач.

Неодамна е претставена новата генерација на Volkawagen Golf GTI што сериски пристига со рачен менувач на брзини, додека моделите GTD и GTE имаат DSG автоматски менувач.

Растечкиот тренд на глобално рамниште на одумирање на рачните менувачи на брзини, во секој случј е нешто што вљубениците во механичко менување на брзините не сакаат ниту да го слушнат.

Но, охрабрувачки за нив, секако, ќе делува веста дека во VW нема да се откажат од рачните менувачи се додека на пазарот има доволно интерес за истите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресврт поради кризата се замрзнува, или забавува електрификацијата на возилата

Иако пазарот запре, сета годишна продукција на овој модел е распродадена

Во Флорида во пожар изгореле над 3.500 автомобили

Саемот во Пекинг одложен за крајот на септември и почетокот на октомври

Нови ознаки на гумите во ЕУ

Alfa Romeo Giulietta заминува во пензија, а пристигнува SUV моделот Tonale

Lexus продал дури 250.000 SUV и crossover модели во Европа

ЕУ регулатива за намалување на емисијата на CO2 од патничките автомобили

Најава за пристигање на новите Jeep Renegade и Compass 4xe