Volkswagen ќе произведува два ID модели на струја во Кина!

Од Volkswagen, деновиве. лиферуваа повеќе интересни детали за нивниот навистина амбициозен план за електрификациска офанзива што треба да ја „погоди“ Кина…

Веќе во претстојната 2020 година најголемиот германски производител на автомобили и најголем светски автомобилски концерн , планира да достави околу 300.000 електрифицирани модели до купувачите во Кина.

За да се постигне тоа, Volkswagen ќе лансира 10 електрифицирани верзии на постојните модели, целосно електрични и plug-in хибридни, на локалниот пазар до крајот на наредната 2020 година.

До средината на тековната деценија –  2025 година, испораките на plug-in хибридните и сите електрични модели би требало  да достигнат еден милион возила!

Од сето тоа станува јасно дека електричните возилата ќе играат важна улога за Volkswagen во Кина, а тоа го потврдува и планот на VW  до 2023 година да понуди 10 батериски електрични возила засновани на MEB платформата на најголемиот светски пазар на автомобили при што првиот модел ќе биде SUV од семејството ID.

Од Volkswagen не го прецизираа името на таа новина, но најверојатно ќе биде наречен ID.4, SUV верзијата на ID.3 што иако со тизери е најавен во Кина, најнапред ќе стаса во САД и тоа веќе наредната пролет- 2020 година.

Инаку, електричниот SUV произлезен од ID.Next концептот ќе влезе во производство во Кина на крајот на 2020 година, но, сепак покрај големата електрификацијата на понудата , Volkswagen ќе продолжи да лансира и модели што ќе се напојуваат со ефикасни мотори со внатрешно согорување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Honda глобално повлекува над еден милион возила!

Неизвесна судбината на Mitsubishi  на европскиот пазар

VW инвестира две милијарди евра во EV

Салонот за автомобили во Женева можеби засекогаш замина во историјата!

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира