Volkswagen ќе учествува во најголемиот и најбрз циркус на тркала F1

Германскиот гигант наскоро би можел да се приклучи на најбрзиот и најспектакуларниот циркус во светот – Formula1…

Не е тајна дека групацијата Volkswagen е многу заинтересирана за учество во Formulа 1, а неодамна беше одржан и официјален состанок со официјалните лица на овој шампионат.

Не е чудно што контактите се на високо ниво, бидејќи човекот кој е актуелен директор на F1, Стефано Доменикали (Stefano Domenikali), со години работеше во групацијата VW и раководеше со познатото Lamborghini.

Останува мистерија која од марките од портфолиото на Volkswagen ќе влезе во Formula 1, но суштинскиот избор се сведе на две марки – Audi и Porschе.

Секако дека не би влегле целосно самостојно, туку преку партнерство со некои од сегашните тимови. Германските медиуми се убедени дека тоа ќе биде преку Sauber.

Тоа би значело дека Alfa Romeo ќе мора да бара друг тим или да го напушти ова натпреварување – двете опции се сосема реални.

Впрочем, Alfa Romeо и Sauber имаат договор кој се продолжува секоја година по завршувањето на првенството.

Германците наводно сакаат да се вратат во Formula 1 во 2025 година, што би значело дека Alfа ќе ја гледаме барем некое време во оваа престижна серија.

Не би било првпат Sauber да соработува со некои од германските производители.

Во далечната 1994 година користеа мотори на Mercedes, а од 2006 до 2009 година ги бранеа боите на BMW.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lada во Октомври ја зголеми продажбата во Европа!

Tesla отповикува 7600 возила во САД

Renault Sport го затвора профилот на социјалните мрежи!

Audi e-tron GT прогласен за најубав автомобил на годината

Се интензивира производството на EV во Индија

KIA со рекорден пазарен удел во Европа и најдобар трет квартал во сторијата

Од Polestar со најава за три електрични автомобили до 2024 година

Цената на бензините одат долу, на дизелот расте

Ford Bronco можеби и на пазарите на Стариот континент