Volkswagen најави нов crossover со автономија до цели 700 km

Volkswagen потврди големи инвестиции во електромобилноста и најави нов SUV модел…

Volkswagen ќе инвестира дури 460 милиони евра во модернизација на фабриката во Волфсбург, која ќе ја подготви за производство на електрични модели. Производството на модели на платформата MEB треба да започне веќе следната година. Тоа го потврди лично Томас Шефер ( Thomas Schäfer), првиот човек на  Volkswagen, порачувајќи им на работниците дека производството на моделот ID.3 ќе започне следната година, а со полн капацитет ќе биде во 2024 година.

„ Volkswagen ја претставува електромобилноста за секого. И Волфсбург ќе биде дел од оваа успешна приказна“, рече Шефер. „Зголемувањето на производството на ID.3 е важен прв чекор кон електрификацијата на нашиот главен погон.

Заедно со обновениот ID.3, на пазарот доаѓа и нов crossover кој ќе ја користи обновената платформа MEB. Новата платформа MEB+, како најголема иновација, носи батерии со нова технологија, кои, според претставниците на Volkswagen, ќе нудат автономија до 700 километри. Исто така, идните модели ќе бидат компатибилни со моќност на полнење од 200 kW.

„Новиот модел идеално ќе ги надополни нашите најпродавани ID.4 и ID.5. Така, имаме намера дополнително да ја прошириме нашата пазарна позиција и да им обезбедиме на нашите клиенти висококвалитетни возила што ги очекуваат од нас“, рекпл во таа прилика Шефер.

Интересно е што платформата MEB ќе остане во производство до понатамошно известување. До 2026 година се најавени вкупно 10 електрични модели, а меѓу нив е и нов влезен модел со цена од 25.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата CATL платформа обезбедува 1000 km автономија и троши 10,5 kWh/100km

Lotus претстави полнач за батерии за ЕV со монструозна моќ

Nio ја проширува мрежата на станици за размена на батерии

BMW iX има вградена батерија која му дава домет од 978 km

Најава за електричен Renault 5

Воздушни перничиња во браниците

Започнува сериското производство на првата серија роботакси возила

Stellantis и Renault половните дизел комбиња ќе ги прават електрични

Автономен автомобил IndyCar ќе пристигне во Гудвуд следната година