Volkswagen отвори центар за истражување и развој на батерии

Германскиот производител на автомобили Volkswagen отвори центар за истражување и развој за планирано производство на сопствени батерии за електрични возила…

Имено, од Volkswagen инвестираа 70 милиони евраопски банкноти во погони што се на локацијата на идната фабрика во Салцитер, и во истата, се очекува, да отвори дополнителни 250 работни места.

Членот на одборот одговорен за технологија и компоненти на автомобилскиот гигант од Волфсбург Томас Шмал (Thomas Schmall) ја отвори лабораторијата во понеделникот.

Во Volkswagen се надеваат дека новиот погон ќе му помогне да ја намали зависноста од батерии произведени во Азија.

Проектот е дел од постојаните напори на компанијата за проширување  на асортиман на електрични и хибридни возила на VW, процеси, што компанијата сака да ги забрза.

До крајот на наредната 2022 година, приближно една четвртина од повеќе од 1.000 вработени во фабриката за батерии „Салцитер“ ќе работат во оваа лабораторија.

Шмал рече дека новата лабораторија ќе биде јадрото на глобалните напори на компанијата во истражувањето на батериите и е еден вид „нацрт“ за поврзување на развојот и производството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai со патент за дисплеј во средина на воланот

Honda SENSING 360 степени – формула за безбедност

Сон на возачите Вечен зел бран

Google AI го подобрува протокот на крстосниците

Fiat Tipo „задоволи“на тестот „северен елен“ на Тимот км 77!

GM се пофали со нов авто пилот Ultra Cruise

Кинескиот автомобилски гигант Geely почнува со производство на сателити

Lancia Delta се враќа како електричен автомобил

Mazda6 со заден погон и мотор со 6 цилиндри во линија за 9 месеци!