-Volkswagen плаќа казна од 193 милиони фунти на оштетените Британци во Dieselgate

Германски Volkswagen се согласи да плати отштета од 193 милиони фунти на 91.000 британски возачи за кои се смета дека биле погодени од скандал со подесување на дизел моторот за погрешно прикажување на загадувањето Дизелгејт…

„ Volkswagen Group и обвинителите постигнаа договор за тоа прашање“, се вели во соопштението на автомобилската компанија, а пренесуваaат информативните агенциита.

Британскиот суд пресуди во корист на возачот две години претходно, но се уште не кажа колкава отштета бара.

Договорот решава околу 91.000 тужби против различни субјекти на групацијата Volkswagen и нејзините подизведувачи како дел од колективната тужба во Англија и Велс.

Покрај договорената сума што ќе се подели меѓу обвинителите и нивните адвокати, Volkswagen ќе придонесе и за трошоците за судењето и за другите трошоци на тужителите.

Вкупно околу 1,2 милиони возила на Volkswagen, Audi, Seat и Škoda беа погодени во Велика Британија од измамата со издувните гасови што ја призна германската компанија во 2015 година, од вкупно 11 милиони дизел возила во светот.

Дизелгејт (Diselgate), кој доведе до тужби во многу земји и веќе го чинеше Volkswagen повеќе од 30 милијарди евра, најмногу во САД, каде германската групација се изјасни за виновна за измама во 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Continental се закити со титулата производител на пневматици на годината

Cupra Terramar и Cupra Tavascan

Apple ја интензивира работата на електричниот автомобил

Најавен SsangYong Torres

Системите за полу автономно возење не се така безбедни како што велат!

Претставниците на 7-та сила во Италија велат електрична Panda ќе се прави во Крагуевац

BMW iX1 -зимски тестирања

VW го враќа во живот името Scout за својот електричен pick-up

Обновен Kia Soul