Volkswagen под истрага поради прво-априлската шега Voltswagen

Сe чини дека Volkswagen нема среќа со регулаторните комисии и со Властите во САД, за што сведочи ипокренување на уште една истрага против германскиот автомобилски гигант од другата страна на „Големта бара“…

Имено, прво – априлската шега на Volkswagen, дека во САД компанијата ќе се преименува во Voltswagen не им се допадна на сите во Северна Америка.

Идејата за преименување на компанијата била наводно шега, а судејќи според реакциите, не била ни многу успешна.

Во секој случај, го потресе пазарот, што значи дека можеше да влијае на бизнисот на недопустлив начин.

Имено, Volkswagen, во меѓу време, се најде под истрага на Американската берзанска комисија поради својата шега со промената на името во Voltswagen, со сомнеж дека шегата можеla да влијае на цената на акцијата, пишува германскиот магазин Spiegel.

Деталите не се познати, но компанијата потврди дека американската агенција побарала одредени информации од Volkswagen во САД (Volkswagen Group of America), како и дека се обврзала на целосна соработка.

Да потсетиме, целиот дебакл започна неколку дена пред 1 април, кога компанијата „случајно“ објави дека ќе го смени името во Voltswagen со цел да се усогласи со ерата на електричните автомобили.

Еден ден подоцна, Volkswagen ги освежи логото и профилите на социјалните мрежи, а потоа издаде соопштение на темата промена на името, вклучувајќи изјава на Скот Киг (Scott Keogh) претседател на VWoA.

Веќе на 31 март пристигнува веста дека сè било шега.

Сепак, штетата веќе била направена, а промената на името предизвика раст на цените на акциите за 12,5%.

Сега се утврдува што на крајот на краиштата било вистина во сета оваа комична шега и како сè влијаеело на движењата на пазарот.

Се чини дека приказнава може да заврши по онаа народната „ Од играчка о плачка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ferrari F125 TDE?

Од Германија најавен EV болид побрз од Rimac C_Two

Спортски концепт Suzuki Misano by IED

Хипер автомобил Viritech Apricale со 1100 КС

Возете паметно и заштедете повеќе

Уникатен блиндиран Porsche 911

Луксузниот Bentley на кралицата на Англија на аукција!

GTO Engineering Squalo инспириран од Ferrarijem 250 GTO

Тркачка верзија на Volkswagen ID.4