Volkswagen се извини поради „непристојна” реклама!

Според FoNet, германскиот автомобилски гигант Volkswagen се извинил за расистичката реклама за новиот Golf , во која човек со темна кожа гледа во нов жолт автомобил, а потоа бела рака го крева и го отстранува…

Повнимателните гледачи не пропуштија да забележат дека продавницата во рекламите се нарекува „Мал колонијалист“.

Откако рекламата во траење од десет секунди се појавија на социјалните мрежи, луѓето ја преплавија компанијата со лути коментари.

Volkswagen соопшти дека го разбрале гневот предизвикан од рекламата и дека некој ќе биде казнет.

„Без сомнение, видеото е несоодветно и невкусно. Ние ќе испитаме како се случило такво нешто и ќе има последици“, порачале од Компнијата .

Против нив е и фактот дека многумина потсетуваат дека Volkswagen е основан од нацистите со цел да се произведе „народни автомобили“.

Од Компанијата истакнуваат дека, токму заради нивната историја, тие секогаш ќе се борат против сите форми на расизам, ксенофобија и дискриминација, пренесуваат агенциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите