Volkswagen се пофали со спецификациите на Tiguan R

По официјалната европска премиера на Tiguan R,  oд Volkswagen ги објави и официјалните спецификации на спортскиот SUV, заедно со нов сет фотографии на овој популарен „теренец“…

Официјалните спецификации велат дека подновениот Volkswagen Tiguan Rод 0 до 100 км/ч  забрзува за  само 4,9 секунди,во конкретниот R возачки режим, што е една десетинка побрзо од првата генерација на Porsche Cayenne Turbo S, а максималната брзина е 250 км/ч.

Погонскиот ситем е 2,0-литарскиот турбо бензински мотор со четири цилиндри  со 320 КС и 420 Nm максимален вртежен момент, поврзан со седум степен DSG автоматски менувач со двојна спојкаи погон на сите четири тркала -4Motion, со векторирање на вртежниот момент.

Развиен од страна на R дивизијата, новиот Tiguan R се одликува со специјално регулиран систем на потпирање, кој се карактеризира со адаптивно контролирани амортизери, поставен е 10 милиметри пониско во однос на оригиналната верзија, потоа има 18-инчни сопирачки дискови и шепа со R логото. Спортскиот издувен систем може да биде опционално унапреден во титаниумски издув на Akrapovič, а 20-инчните тркала можат да се заменат со 21-инчен Estoril сет.

R дизајнираните браници со аеродинамички засилувања, кои можат да се добијат во боја на каросеријата или сјајно црна боја, мат хромираните куќишта за ретровизорите, сјајниот црн заден дифузер и црните сводови на тркалата се јасната дистинкција меѓу стандардниот Tiguan и спортскиот модел.

Меѓу другите работи кои го одвојуваат Volkswagen Tiguan R од остатокот на гамата се унапредувањата во ентериерот, како што се премиум спортските седишта со интегриран потпирач за глава, специјално R лого, карбонски сив трим, позадинско светло, педали од нерѓосувачки челик, дигитален кокпит…

Цените во Германија стартуваат од 56.703 евра, безмалку 28.500 евра повеќе од базичниот модел, а само 3.207 евра помалку од поголемиот Touareg.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И официјално BMW M5 C5

Mini ги поднови своите hatchback и cabrio модели

Toyota Highlander за прв ќе се продава и на Стариот континент

Новата генерација на Škoda Fabia и можен канибализам во Групата VW

Шпионски фотографии на новиот Citroen C5 за 2022 година

Hurtan Grand Albaycin

Премиерата на новиот DS 4 закажана за 3 февруари

Hyundai покажа нови „тизери“ за новиот електичен crossover модел Bayon

Промоцијата Volkswagenov I.D. Buzz одложена за  2023