Volkswagen со ново R лого за перформанс креациите

Ознаката R-Line исто така добива нов изглед, кој ќе дебитира на 11 октомври кај Atlas Cross Sport R-Line

Пред еден месец, Германците го претставија ревидираното корпоративно лого, а сега VW открива дека и другите ознаки добиваат освежување.

Помеѓу тие е и R-логото што ќе биде ревидирано со цел компанијата да започне ново поглавје на перформанс брендот.

Според Volkswagen, ревидираната верзија е „помодерна, посебна и елегантна“ од актуелната претставена на  Golf R или на други постари модели како : Scirocco R, Passat R36 или Touareg R50.

„Новото лого на компанијата се одликува со чиста ширина на линијата и јасно хоризонтален аранжман со динамични свиоци а истакната дијагонална линија е остар контраст, со што се потенцира целокупната прогресивност на марката.

Издолженото R создава поширок, помоќен впечаток и ја дефинира посветеноста на Volkswagen кон перформансите и ексклузивноста“, изјавија од Volkswagen.

Volkswagen во моментот има два модели со логото R во своето глобално портфолио, Golf R и T-Roc R кај првиот ќе се префрли во новата генерација во тек на 2020 година, а вториот е неодамна е додаден.

Компактниот crossover излегува наспроти SQ2 на Audi и X2 M35i на BMW со 300 KS, погон на сите тркала и седум степен автоматски менувач со двојна спојка.

Постојат непотврдени извештаи за потенцијално проширување на перформанс R понудата, во која, можно е,  да ги вклучи Arteon R, па дури и Touareg R.

Редефинирањето Volkswagen го следи и кај R-Line логото.

Новото лого ќе дебитира во петок, на 11 октомври,во САД, на Atlas Cross Sport R-Line изведбата, што беше најавена во март минатата 2018 година како концепт, а е покуса верзија на стандардната изведба на crossover моделот Atlas.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира

Datsun redi-GO facelift

Најавена новата Nissan Frontier

Еуроимпекс во партнерство со меѓународниот проект во рамките на програмата  „Еразмус +“

Извозната агенција на Италија одобри заем за Fiat Chrysler