Volkswagen станува партнер so STMicroelectronics на во производство на микрочипови

Cariad, софтверската единица на Volkswagen, објави дека соработува со швајцарската STMicroelectronics (STM) за развој на микрочипови за вмрежување во нови модели на гигантот од Волфсбург…

Cariad изјави дека целта е да се произведат процесори и системи кои овозможуваат цврсто спојување на контролните единици и сложени контролни функции.

Volkswagen најави дека ќе продолжи со сопствен дизајн на чипови, но првично има намера да развива хардвер во соработка со други фирми. Веќе има склучено партнерски договори со Bosch во Германија и Qualcomm во САД.

Соработката со STM ќе значи поместување од досегашната практика во набавката на чипови – Volkswagen има за цел да набавува важни компоненти од добавувачите на електронска опрема, а не само од своите традиционални добавувачи од автомобилскиот сектор.

Мурат Аксел (Murat Aksel), член на одборот на Volkswagen одговорен за набавки, рече дека тоа ќе обезбеди чиповите потребни за нивните автомобили да бидат направени, пренесува SEEbiz.

Проблемите со синџирот на снабдување, кои особено влијаат на чиповите, предизвикаа сериозни проблеми за компанијата во текот на изминатата година, што резултираше со затворање на производните капацитети на подолги периоди.

Возилата со дополнителна опрема моментално бараат до 100 индивидуални контролни единици.

Целта на Volkswagen е стандардизација, поставување технички стандарди и намалување на трошоците за производство.

Проблемите со координацијата меѓу брендовите на групата доведоа до застој во Cariad.

Работите во Volkswagen, како и Audi и Porsche, моментално се одвиваат паралелно пред комплетирањето на унифицираната платформа, пренесува SEEbiz.

Извршниот директор на Cariad, Дирк Хилгенберг (Dirk Hilgenberg), смета дека заедничкиот проект со STM е важен во овој поглед.

„Користењето унифицирана, идеално усогласена архитектура на сите контролни уреди ни дава огромен поттик за ефикасно развивање на нашата софтверска платформа“, рекол тој.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автономен автомобил IndyCar ќе пристигне во Гудвуд следната година

Volvo сака драстично да ги намали штетните емисии без да навлегува во процесот на производство

Решение за непрописното паркирање во гаражи:

„Charge On Solar“ на Tesla

Nio ES6 има нова батерија со цврст електролит за опсег од 930 km

Новите безбедносни тестови на Euro NCAP

Аеродинамиката во автомобилската индустрија

Моќните семафори во Германија се контролирани од вештачка интелигенција

Audi сака да користи електрична платформа од друг производител