Volvo Cars и Geely разгледуваат опција и за целосно спојување

Производителот од Шведска Volvo Cars и матичната компанија Geely, објавија дека размислуваат за спојување во единствена компанија, се со цел да станат поконкурентни на глобалниот автомобилски пазар…

Производителот на автомобили од Скандинавија, Volvo, инаку во целосна сопственост на кинескиот автомобилски гигант Geely Automobile Holding уште од 2010 година, егзистира како  посебна фирма.

Покрај тоа Кинезите се газди и на Lotus, Lynk & Co, Proton како и LEVC., и  Polestar – нова марка на целосно електрични автомобили.

Поточно ккинескиот гигантот Geely Holding има и низа други вложувања, вклучително и 9,7 % учество во Daimler, од 2018 година, како и 49,9 % Proton од 2017 година и мнозински удел во британскиот бренд за спортски автомобили Lotus.

Предложениот договор би ги споил Volvo и Geely Automobile Holdings, а двете компании велат дека овој договор „ќе ја забрза финансиската и техничката синергија“, при што со „големината, знаењето и ресурсите би биле лидер во тековната трансформација во автомобилската индустрија.

Но о од двете страни се истакнува дека покрај здружувањето „ќе го зачуваат посебниот идентитет“ на брендот Volvo, Geely, Lynk & Co и Polestar.

Договорот би ги обединил растечките автомобилски марки на кинескиот сопственик и би создал компанија вредна околу 30 милијарди американски долари, чија вредност може да се спореди со американскиот производител Ford Motors.

Од Geely потврдуваат дека го запазат идентитетот на Volvo

Вкупната испорака на возила на новата компанија ќе надмине два милиони единици годишно, според податоци од 2019 година, што би било на ниво на испорака на автомобили на германскиот премиум бренд BMW.

Geely Automobile во 2019 година продаде 1,36 милиони автомобили, а оваа година има намера да продаде 1,4 милиони, додека, пак,  Volvo минатата година пласира над 700.000 автомобили.

Двете фирми основаа заедничка работна група на чело со шефот на Volvo Хакан Самуелсон која ќе го развие предлогот и ќе го предложи на одборите на двете фирми.

Портпаролот на Volvo истакна дека целта е да се заврши со создавање на нова група од крајот на годината.

Претседателот на Geely Ли Шифу изјави дека договорот „ќе ја засили синергијата внатре во групата со задржување на конкурентските предности и интегритетот на секоја поединечна марка“.

И Volvo и Geely веќе имаат корист од големата заедничка технологија, вклучително CMA и SPA платформите, и тие се во процес на спојување на своите одделенија на мотори со внатрешно согорување во една фирма. Портпаролот додаде дека тој договор ќе овозможи „вложување во нови технологии како што се електрификација, поврзаност и технологија за автономно возење“.

И Volvo и Geely   ќе имаат голем бенефит од спојувањето

Откако Geely го купи Volvo, што тогаш беше во финансиски и технолошки проблеми, од Ford, марката се ревитализираше и постигна рекордна продажба, најмногу благодарение на ширењето на својата SUV понуда.

Во последните години Volvo направи неколку храбри хибридни чекори под шефот Хакан Самуелсон, воедно инкорпорирајќи ја стратешката  целта да прерасне во производител на електрични автомобили и тоа во рок од само 20 години.

Со спојувањето и Volvo и Geely би можеле да имаат корист од поголемиот заеднички технички развој и заедничките производни погони, што би можело да биде од витална важност да останат конкурентни на гигантите како што се Volkswagen групацијата и ново споените PSA група со FCA (Fiat Chrysler Automobiles).

Тоа исто така би можело да му овозможи на Volvo дополнителен производствен капацитет во фабриките на Geely во Кина, додека би му помогнало на Geely во обидите своите марки да ги прошири на пазарите на Стариот континент.

Новата компанија првично би се нашла на берзата во Хонг Конг, со намера дополнително да се појави во Шведска.

Ако оваа идеја се реализира, во што нема сомневање, во моментот уште не е дефинирано како би се формирало раководството на комбинираната (споената) компанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lockout и понатаму предизвикува пад на продажбата во Европа

Најавен Volkswagen Taos

Во Европа 83, а кај нас 77 проценти од вкупниот патнички сообраќај е со автомобили

ЕУ ги заострува нормите за емисија на ЦО2 -до 2030 ќе ги намали двојно

Најавен нов Honda –EV concept

Објавен списокот на кандидати за Европски автомобил на годината 2021

Испорачани првите ID.3 до купувачите

Се почести шпекулации – идниот Peugeot 108 како crossover

Ново поевтинување на горивата