Volvo Cars не повлекува автомобили од пазарот!

Низ некои медиуми „проструи“ вест дека Volvo Cars на светско ниво „повлекува или повлекол“  еден (1) милион возила, поради проблем кој може да доведе до пожар во моторот, но од Volvo и од неговите дилери,пристигнува  демант, односно појаснување, дека  се работи за неточна информација, „неправилно“ толкувана информација…

Volvo како бренд е светски лидер кога станува збор за безбедноста и токму благодарение на ревносните истражувања на шведските инженери дојдено е до заклучок дека можен е потенцијален проблем кај дел од автомобилите во оптек.

Имено, станува збор за дел од автомобилите со дизелски мотори со четири цилиндри, од моделските години 2014 до 2019-та,  за кои истражувањата на Volvo открија дека постои можност, при одредени услови, да дојде до топлинско деформирање или растопување на пластичните делови од всисната грана.

До тоа, во многу ретки случаи може да дојде, како и до локално потпалување на истите.

Сепак, клучно е да се потенцира дека досега не е забележан НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ на ваков проблем (растопување или пожар) и повикот на Volvo Cars до сопствениците на овие автомобили е исклучиво од превентивна природа.

Тоа што Volvo како бренд  јавно ги повикува сопствениците да го посетат својот овластен Volvo сервис е уште еден доказ за исклучително високото ниво на професионалност и високи стандарди според кои работи брендот.

Volvo Cars и понатаму останува најбезбедниот бренд на пазарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW го најави Nivus crossover coupe!

Во Германија на „склад“ 350,000 нови половни автомобили!

Новиот Renault Captur освои 5ѕвезди на Euro NCAP crash тестовите

Започна производството на Volkswagen T-Roc cabriolet

Alfa Romeo Stelvio QV спортски автомобил на годината!

Новата Škoda Octavia максимално безбедна потврдено на Euro NCAP тестот

Новата Škoda Rapid пристига 2021 година!

SUV треската се уште ја тресе Европа, а најбарани креациите на Volkswagen!

На Daimler му се заканува нов отповик