Volvo и  Varjo  со прва употреба на мешана реалност за развој на автомобили !

Иднината во сегментот на развој на автомобилите, во индустријата на патната мобилност, е веќе тука …

Имено, Volvo Cars и Varjo, производител на врвни очила за виртуелна реалност, креирале прв пристап до „мешаната реалност“ за оценување на прототип модели и технологии на активната безбедност во светот.

Благодарение ред се на одлуката на фондот на Volvo Cars Tech за вложувања во Varjo, таа соработка дополнително ќе се засили и ќе се интензивира.

Мало појаснување, Tech Fund е фонд за ризичен капитал на производителот на автомобили што вложува во start-up технолошки и иновациски фирми со висок потенцијал.

Така Volvo Cars и Varjo по прв пат овозможуваат возење на вистински автомобил со помош на очила за „мешана“ реалност, a притоа додадени се и виртуелни елементи, или,  сеопфатни функции што се „чинат“ реални, и тоа за возачите, a и за сензорите на автомобилите се во насока за што побрз и поефикасен развој на технологиите.

Нешто слично, досега, не успеал а направи ниту еден друг производител на автомобили на светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење

Пристигна Lucid Air убиецот на Tesla – закана со основа

Land Rover Defender P400e plug-in hybrid

Porsche планира целосно електрична Panamera!