Volvo ја завршува приказната со дизел мотори

Шведскиот производител изјави дека последната генерација на дизели е во развој и иста ќе биде лансирана во текот на  годината а иднината продожува со електрификација…

Швеѓаните со брзо темпо „чекорат“ кон електрификација на брендот, со што моментално се еден од производителите на автомобили со најширокиот спектар на хибридни возила.

Но, тоа не значи целосно отстранување на конвенционалните, односно моторите со внатрешно согорување., бидејќи речиси сите нови модели на Volvo сеуште се нудат со дизел мотори,  тоа нема да се промени и во наредните три до пет години.

Тоа го изјави Лекс Керсемакерс, шев на Volvo во Европа, кој подвлече дека финалната генерација на дизел мотори е во развој и ќе биде објавена нешто подоцна годинава.

Ќе ја претставиме следната генерација на дизел мотори во јуни, атие вообичаено се актуелни од три до четири години, па така можеби за пет или шест години, нема повеќе да понудиме дизел“, изјави Лекс.

Тој исто така потврди дека дизелите ќе продолжат да играат важна улога во краткорочната стратегија на компанијата.

Тоа го поткрепи и извршниот директор на Volvo, Хакан Самуелсон, велејќи дека доколку брендот сака да напредува во поглед на електрификацијата, потребно е да се каже „не“ на дизелските агрегати, а како резултат на ова е новиот S60 кој не е достапен во дизел изведба.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пуштена во употреба обновената бензинска станица на Макпетрол во Куманово

FREEDOM TO MOVE караванот на Volvo Cars за прв пат во Скопје

Maкпетрол со известување за нови цени на нафтените деривати

Bentley го најави новиот Flying Spur!

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Новите MINI John Cooper Works Clubman и Countryman, со над 300 КЅ

Hyundai и KIA инвестираат 80 милиони евра во Rimac Automobili!

VW I.D.3 предизвика вистинска манија на  пазарот!

Пристигаат електрични Porsche Boxster и Cayman