Volvo ќе ја проширува SUV понудата

Понудата на SUV модели од портфолиото на компанијата  Volvo би можела, наскоро, да се зголеми со воведување на нови модели…

Првите луѓе на Volvo сериозно размислуваат за проширување на нивната SUV понуда, што би вклучувало помал модел од актуелниот XC40 како и поголем во  однос нa XC90….

Оваа информација, за Auto Express, ја потврдил Хакан Самиелсон (Hakan Samuelsson) директор на компанијата Volvo.

Производителот на премиум возила од Шведска пред неколку дена соопшти дека реализирал рекордна продажба во првата половина на тековната 2019 година изразено во апсолутни бројки тоа значи пласирани 340.000 возила.

Директорот истакнал дека добрите резултати на продажбата се последица од фактот дека од компанијата добро ги „пополниле“ очигледните „дупки“ во понудата на модели на Volvo.

Освен за SUV модели, во  Volvo размислуваат и за пласирање на „ обични“ автомобили во нови сегменти.

Инаку, SUV моделите сочинуваат дури 61 % од вкупната продажба на компанијата Volvo во првата половина на тековната 2019-та, што е за 10 % повеќе во однос на истиот период минатата 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помал SUV на Fiat за пазарите во Јужна Америка

Tesla Model 3 – Запрено производство поради премногу проблеми!

KIA во првото полугодие со одлична продажба!

В. Британија со повеќе станици за полнење на EV од бензински пумпи!

Во сила Законот за субвенции на нови и половни поеколошки возила

Фрлање догорче од цигара од автомоби во Грција може да ве чини возачка дозвола

Компактниот Jaguar и crossover coupe на BMW платформа!

Hyundai Nexo со oдлична оцена од IIHS

Infiniti Edition 30 во чест на три деценискиот јубилеј на марката