Volvo надзор врз возачот за дополнителна сигурност!

Неодамна повеќето специјализирани портали и медиуми за автомобилизам пишуваа дека од Volvo официјално потврдиле дека од стартот на наредната 2020 година сите нови модели под значката на Швеѓаните ќе имаа електронски лимитирана максимална брзина од 180 km/h…

Тогаш информиравме дека станува збор за дел од програмата Vision 2020 кој за цел има да обезбеди во автомобилите на овој производител да нема загинати или сериозно повредни патници.

Ограничувањето на брзината е само еден од новите сигурносни елементи што ќе ги воведе Volvo, a Швеѓаните сега најавија дек нивните модели ќе бидат опремени и со систем за внатрешен надзор на возачот што на пазарот ќе стаса со следната генерација на нивните модели.

Станува збор за систем што преку внатрешни камери го надгледува однесувањето на возачот зад управувачот.

Па така, ако системот оцени (со помош на разни параметри) дека однесувањето на возачот не е задоволително, односно дека на некој начин е попречен (де – фокусиран), под дејство на алкохол и слично, тогаш возилото може да интервенира на неколку начини па дури и да се обрати до надлежните служби (полицијата, итната помош….).

Значи цел е да се спречи неодговорно однесување, a со тоа и потенцијалната тешка сообраќајна несреќа што на тој начин би можела да биде предизвикана. Конкретни детали за тоа како овој систем работи во овој момент не се познати, но камерите ќе снимаат, a системот ќе ги препознава возачите на кои очите им се предолго затворени, кои не гледаат пред себе на патот некој подолг периоди слично.

Исто така, системот внимание ќе посвети и на движењата со управувачот што не се вообичаени, на бавните реакции и слично….

Поинаку речено, на сето тоа што може да упатува на тоа дека возачот не е потполно способен за управување со автомобилот.

Ако системот оцени дека возачот не е способен за возење автомобилот ќе реагира со различни предупредувања, а системот за автономно управување може дополнително да ја намали најголемата дозволена брзина и на крајот на нештата и целосно да го запре автомобилот и тоа на безбеден начин.

Исто така возилото може да контактира со Volvo On Call кој пак може да го извести и на вашата локација, по потреба, и да упати екипа на итна помош или, пак, на полиција.

Како што претходно кажавме Volvo овој систем има намера да го лансира со следните генерации на своите модели.

По конкретно станува збор за модели што ќе се базираат на платформата SPA2 и кои на пазарот ќе почнат да стигнуваат во почетокот на 2020 – те години.

Истото важи и за системот Care Key што ќе стане дел од стандардната опрема веќе од  2021 година.

Станува збор за клуч кој на сопствениците на возилата ќе им овозможи да пр давање на автомобилот на користење на некому друг, на пример на своите деца, на неискусните возачи и слично, да постават ограничувања на брзините на возење.

На крајот можеме да додадеме и како Volvo лобира кај компаниите за осигурување да на корисниците на неговите автомобили опремени со овој и со другите безбедносни системи и елементи им овозможат поевтини полиси за осигурување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ZF со копилот засега само за отворен пат!

Toyota го забрзува развојот на електричната понуда!

Надворешни перничиња кај автомобилите од ZF

Системот eHorizon на Continental ќе спаси милијарди литри дизел кај шлеперите!?

Mercedes-AMG од 2,0-литри ќе понуди 421 KS!?

Volvo повторно воодушеви на полето на безбедноста

Jaguar Land Rover со нов управувач со сензори за поголема безбедност!

И Honda најави вградување на виртуелни ретровизори!

Титулата „Меѓународен мотор на годината“повторно за 1.0 EcoBoost на Ford!