Volvo повторно воодушеви на полето на безбедноста

Овој пат во центарот на вниманието се велосипедистите и зголемувањето на нивната превентивна заштита како и заштитата на останатите учесници во сообраќајот …

Производителот на автомобили од Шведска, компанијата Volvo Cars, лидер во автомобилската безбедност ги здружил своите сили со  врвниот спортски и безбедносен бренд од истата скандинавска земја POC.

Тоа е направено пред се со цел да се зголеми безбедноста на велосипедистите во сообраќајот.

Партнерството е најнов пример на водечката позиција на компанијата Volvo Cars во развој на сигурноста и на нејзините амбиции за подобрување на безбедноста на сообраќајниците и тоа за сите категории на учесници во сообраќајот.

Сообраќајните несреќи што се случуваат помеѓу велосипедите и возилата честопати можат да завршат со сериозни последици , со тешки повреди па дури и со смрт, поради што Volvo Cars има јасна стратегија во целост да ги избегне тие видови на несреќи, a со помош на технологијата на активна безбедност.

Детекцијата на велосипедистите со потполно автоматската сопирачка, што користи камери и радари кај автомобилите за откривање на велосипедисти, го предупредува возачот на неизбежниот судир и ја применува автоматската сопирачка ако е потребно понатамошното делување.

Истражувањето на проектот Volvo-POC  се состои од низа на посебно дизајнираните тестови на судири во познатите безбедносни истражувачки објекти на Volvo Cars во Гетеборг (Göteborg).

За време на тие тестови, кацигите за велосипедисти, со потпис на компанијата  POC биле ставени на кукли што се поставуваат на опремата за тестирање, од каде се лансираат кон различни делови на капакот (хаубата) на моторот на Volvо автомобилите, при различни брзини и агли за различни мерења.

Таквата технолошка активност е во завршната фаза на испитувањето и слободно може да се рече дека во период од една година можеме да ја очекуваме и во понудата на автомобилите на производителот од Шведска, кој патем речен во целост е во сопственост на автомобилската компанија Geely од Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камерите во BMW како црни кутии ги чуваат снимките по сообраќајка!

Jaguar I-Pace со поголема автономија!

Аudi Q7 освежување со hybrid погонски системи

Pirelli претстави гума со сензори што се поврзуваат со Интернет

Daimler и со рендгенски зраци ќе ги контролира автомобилите

Mazda RX9 со електрифициран погон

Потенки но не и помалку безбедни ѕидови за компактните модели!

Новиот дигитален кокпит на VW Golf 8

Доаѓа ера на се попаметни дигитални клучеви!