Volvo ја паузираше продажбата на лимузината S60 во ОК додека ја проценува иднината на овој ривал на BMW Series 3 и Mercedes C Class…
Продажбата на S60 е намалена за 51 отсто досега оваа година во споредба со 2021 година, достигнувајќи 16.797 единици вклучувајќи го и караванот V60. Овде треба да се напомене дека продолжува продажбата на караванот V60 на британскиот пазар, истакнуваат од Autocar.
„Сè уште не е донесена одлука за идните планови за моделот“, рече портпаролот на Volvo на прашањето за иднината на S60. „Ќе ги објавиме сите промени по потреба. Постојано го проценуваме нашето портфолио на производи и како дел од овој процес привремено го отстранивме S60 од продажба во В. Британија.
Шведскиот производител на автомобили не ја паузираше продажбата на поголемите автомобили Volvo S90 и V90 во Велика Британија.