Volvo признава!!!

Производството на електрични автомо9били (EV) генерира 70% поголема емисија на штетни гасови во однос на истиот процес кај конвенционалните модели…

Судејќи според наодите од студијата спроведена од Volvo, електричните автомобили од шведската марка се значително помалку еколошки во производниот циклус во споредба со конвенционалните автомобили на марката, но во текот на првите неколку години од работењето (експлоатацијата), резултатите на полето на загадувањето на природата се изедначуваат. Рамнотежа во нивоата на загаденост на конвенционалните и електричните автомобили се постигнува откако возилото ќе помине 77 илјади километри, што е пресметка која важи под услов автомобилите да се произведуваат и користат во земјите од Европската унија.

Многу производители на автомобили јавно и одлучно ја изразуваат својата желба да се префрлат на понудата на исклучиво електрични автомобили, но истовремено најавуваат дека се стремат да воспостават јаглеродна неутралност во производниот процес. Сепак, судејќи според заклучоците донесени од Volvo, кој инаку има за цел да стане електричен бренд до 2030 година, двете аспирации не се на иста линија, односно директно се контрадикторни.

На оваа тема пишуваше и веб-страницата Autotrader, која објави дека производството на моделот на батерии Volvo C40 Recharge предизвикува 70% повеќе штетни испарувања во споредба со производството на конвенционалниот еквивалент, crossover моделот со име Volvo XC40. При истражувањето беа земени предвид сите фактори, со што беше опфатен целиот производствен циклус, почнувајќи од екстракција на суровини до излегување на готовиот производ од фабричките хали и испорака до изложбениот салон.

Се покажа, по разгледувањето на сите ефекти, дека емисиите во производството на електрични возила се далеку пообемни од оние што се јавуваат во процесот на создавање автомобил со мотор на внатрешно согорување. Претпоставуваме дека овде се разгледуваат само ефектите од емисиите на јаглерод диоксид, но не и другите загадувачи. Впрочем, се чини дека во последно време единствено се зборува за загадувањето со јаглерод. Ова сигурно го знаете без оваа студија. Највисоките нивоа на штетни емисии се генерираат во процесот на производство на литиум-јонски батерии и нивните компоненти.

Поточно, повеќе од една третина од вкупните емисии што се јавуваат при склопување на електрични возила може да се припишат на производството на пакување на батерии. Ова е особено точно за производството на Volvo C40. Треба да се напомене дека моделот XC40 Recharge споделува голем број други компоненти со конвенционалната верзија на шведскиот бренд. Сепак, студијата не завршува тука и крајот дефинитивно не е онаков каков што би сакале традиционалистите да биде.

Имено, истражувачите се обиделе да симулираат ситуација во која батериски и конвенционален автомобил „возат“ околу 200 илјади километри, па дошле до заклучок дека емисиите предизвикани од моторот со внатрешно согорување многу брзо ја намалуваат нивната првична еколошка предност, а тоа сè зависи од тоа како се произведува електричната енергија што се користи како гориво. Колку е поголем уделот на енергијата добиена од обновливи извори, толку побрзо се топи почетната предност на автомобилите кои трошат нафта или бензин.

Ако се земе предвид енергетскиот микс кој моментално е актуелен на глобално ниво, тогаш би можело да се заклучи дека еколошката (не)погодност на возилата, конвенционалните и батериски, се изедначува по околу 110 илјади километри експлоатација.

Меѓутоа, бидејќи учеството на зелената електрична енергија во енергетскиот биланс на земјите од ЕУ е значително поголемо, тогаш на тлото на Европа, еколошката оценка на возилата од две технологии е еднаква по само 77 илјади поминати километри. Доколку би можело да се полни батеријата на електричниот автомобил исклучиво со електрична енергија добиена од обновливи извори, прагот на рамнотежа би бил на ниво од околу 48 илјади километри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постојан развој: Зголемен опсег за Opel Corsa -e и Mokka-e

Доделени првите енергетски ознаки за електричните автомобили

DS3 Crossback E-Tense ја зголеми автономијата со едно полнење на батериите

Револуционерно автомобилско седиште за деца!

Стратегијата 2.0-IONITY го забрзува ширењето на мрежата брзи полначи за EV

Renault иTheArsenale го претставуваат AIR4 –Таму каде одиме не ни требаат патишта

Новиот Peugeot e-208 и Peugeot e-2008

Електричните автомобили зиме трошат 25% повеќе струја

Ford и GM здружуваат силите со производители на чипови