Раководството на скандинавскиот производител на луксузни автомобили Volvo, компанија која работи во рамките на кинеската холдинг компанија Geely, сака да ги намали нивоата на штетни емисии со користење на обновливи горива за товарни бродови кои им испорачуваат компоненти за производство на нивните возила…
На овој начин на годишно ниво би се заштедиле десетици илјади тони јаглерод диоксид.Товарните бродови наменети за транспорт на компоненти и склопови кои се користат во производствениот процес на автомобили од споменатата марка треба да користат гориво од обновливи извори со значително помало учество на јаглерод.
Поточно, тоа ќе бидат метил естери на масни киселини, направени од отпадни масла за готвење.Тоа е преработено, веќе искористено масло кое се користи во исхраната на луѓето.
Бродовите што превезуваат делови чија дестинација за испорака е една од фабриките на Volvo ќе користат такво гориво на пат до капацитетите на шведскиот бренд во Европа или Америка, но не и во Народна Република Кина. Ова гориво ќе ги напојува и бродовите со резервни делови за моделите на Volvo што се возат низ целиот свет.
Производителот наведува дека проектирал помали емисии на јаглерод диоксид на ниво од 55 илјади тони годишно, што би значело дека тие се намалени за цели 84%, но само во транспортниот сектор. Споредбата се однесува на очекуваната состојба во однос на сегашната. Оваа идеја е составен дел од настојувањето на Volvo да ги намали емисиите поврзани со возилата на марката на ниво на целиот животен век на автомобилот.
Аспирацијата на менаџментот е квантифицирана со процент на намалување од четириесет, додека периодот во кој се сака да се обезбеди тоа е помеѓу 2018 и 2025 година. „Ова не го гледаме како конкурентска предност, напротив сакаме да ги поттикнеме другите компании да тргнат по тој пат.
Зголемувањето на побарувачката за горива сиромашни со јаглерод во прекуокеанскиот транспорт покажува дека обновливите горива се одржлива приказна. Односно тоа е само една од низата потврди дека станува збор за приказна која може да заживее на среден рок“, рекол помешу другото Хавиер Барела, оперативен директор и заменик генерален директор на скандинавската автомобилска компанија.