Volvo со нови ознаки за своите модели

Од Volvo ги објаснија новите ознаки на своите модели, односно новата номенклатура меѓу кои се и ознаките и за првиот е-модел како и за другите електрифицирани верзии…

Досега  се беше едноставно: бензинците беа обележувани со  „Т“, дизел моторите „D“, а секој од нив беше комбиниран со број помеѓу 2 и 8 за да се нагласат  перформансите.

Plug-in хибридните модели подоцна добија додаток „Twin Engine”, a погонoт на сите тркала ја моделира кратенката „AWD“.

Во иднина тоа ќе биде  покомплицирано: Volvo веќе го воведе името Recharge при претставувањето на електричниот XC40.

Во иднина, сите автомобили кои можат да се наполнат со кабел, како plug-in хибридните и со батерии задвижувани модели ќе го носат овој суфикс.

Новиот Volvo XC40 P8 AWD Recharge, претставува електричен модел кој располага со погон на сите четири тркала.

Останува P8 како посебна карактеристика. „P“ во иднина ќе се користи за означување на чисто електрично возила – „Pure electric“, објаснува Volvo.

Исто така броктата  „8“ ќе ја означи големината на батеријата на автомобилот, која во овој случај е помеѓу 70 и 80 kWh.

Така, моделот со ознака „P6“ би бил опремен со батерија од 50 до 60 kWh.

Тоа е почеток на нова номенклатура за опишување на капацитетот на батеријата на електричното возило“, изјави Џонас Енгстром, менаџер во Volvo.

„Не можам да дадам никакви спецификации за иднината, но ние сме подготвени да одиме над или под „Р8“, додаде тој.

Останатите  модели исто така се предмет на промена. „T“ повеќе нема да се залага за бензински мотори, туку за „Twin Engine”, односно plug-in хибридните модели, а пак „D“ ќе биде целосно елиминирана бидејќи Volvo во иднина нема да има дизел погон.

Благитехибридни верзии од 48 V ќе бидат наречени „B“, само поради присуството на батерија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Ford Bronco нема непристапен терен!

Tesla подготвува уште еден pick-up, покрај Cybertruck

Infiniti станува Nissan plus!

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha

BMW M2 (2021): нов ултра-спортски дериват на баварскиот компактен тркач