Volvo со продадени над 700.000 автомобили минатата 2019

Од Volvo соопштија дека во минатата 2019 година, по прв пат во својата  93-годишна историја, на глобалниот автомобилски пазар продале повеќе од  700.000 возила…

Поточно конечната бројка изнесува 705.452 возила, што е за 9,8 % повеќе одошто во претходната 2018 година.

Во однос на најголемите пазари, во Европа се пласирани 340.605 Volvo возила (+ 7,2 %), во Кина 154.961 (+ 18,7%), во САД 108.234 (+ 10,1 %)…

Во официјалното соопштенија на шведскиот производител на автомобили што е во целосна сопственост на автомобилскиот концерн Geely од Кина, е потенцирано дека во текот на минатата 2029 се продадени  45.993 plug-in hybrid возила, што претставува зголемување од дури  22,9 %, споредено со претходната 2018-та.

Инаку, нај продаваниот модел на Скандинавците во изминатата 2019 година била SUV креацијата XC60, со вкупно 204.965 продадени примероци ширум светот.

На второ место според продадените единици од понудата на производителот на автомобили од Шведска е исто таа crossover модел – XC40, со пласирани 139.847единици на глобално рамниште, додека на трето место на оваа скала на продажбата се позиционирал нивниот најголем SUV модел – XC90 со реализација од 100.729 примероци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата генерација на Ford Mondeo пристигнува 2021

Карлос Гон Nissan ќе банкротира за две до три години!

Голем трансфер во автомобилската индустрија: Шефот на SEAT на чело на Renault!

Брисел Осло и Париз ги протераа автомобилите од центар на градот

Ми-Да Гранд Моторс е новиот единствен овластен импортер HYUNDAI  во Македонијa

Tesla Model Y кон крајот на годинава

Шест финалисти конкурираат за титулата Автомобол на годината во Македонија

Брз и успешен старт за Ssang Yong и Аутомакедонија

Dacia со секоја година се подобра и подобра