Volvo XC 40 моторите со три, ги замени со четири цилндри

Швеѓаните се движат во спротивна насока од остатокот на автомобилската индустрија…

На XC40, најмалиот модел во гамата на скандинавските производители, му е доделен нов мотор со кодно име B3. Станува збор за агрегат што го заменува Т3, односно турбо бензинскиот мотор со три цилиндри, а новата погонска единица сега доаѓа во конфигурација со четири наместо три цилиндри.

Новиот агрегат испорачува моќ на исто рамниште како и стариот – 163 КС, додека максималниот вртежен момент е 265 Nm и е достапен од 1.500 вртежи во минута. Овој дволитарски турбо мотор е поврзан со седумстепен автоматски менувач со двојна спојка.

Благ (mild)  хибриден систем е исто така присутен како помош, а Volvo  наведува дека B3 ќе има помали емисии на јаглерод диоксид од погонската единица во заминување со ознака  Т3.

Тука не е крај на веста во врска со промените во опсегот на мотори на овој шведски SUV модел.

Имено, единица наречена B4 и испорачува моќ од 197 КС. Тука нема промени во моќноста и вртежниот момент, но Volvo одлучи да се ослободи од осумстепениот автоматски менувач и да го замени со седумстепен со двојна спојка.

Воведниот мотор во гамата останува ист – тоа е Т2, односно изведба со три цилиндрки, бензинец, кој испорачува солидна моќ од 129 КС.

Но оваа енергетска единица не ги исполнува условите за благ (mild) хибриден систем.

Моделот XC40 во суштина е столбот на сегашниот успех на Volvo и затоа е клучен автомобил за шведската марка.

Компанијата Volvo оствари рекордна продажба од речиси 381.000 возила во првата половина од тековната 2021 година, при што XC40 учествуваше во овој резултат со дури 118.000 испорачани примероци!

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прототип на Ford Transit FCEV

Новиот Porsche 718 ќе има електричен погон

Тоyota во 2025 со нов Prius со нова технологија

Лесна платформа на Lotus за наследниците на Elise и Еvora

Првиот електричен Alfa Romeo пристигнува 2024 година

Unique Puncture-proof Tire System

Honda ги интензивира работите на автономни возила

Тајното оружје на Dacia против гребаници

Volkswagen отвори центар за истражување и развој на батерии