Voyah i-Land concept

Кинеската компанија Dongfeng  основа нова марка за автомобили Voyah, за која се вели дека е ангажирана исклучиво во развој и продажба на електрични и хибридни возила…

Во својата гама Voyah ќе има повеќе модели, вклучувајќи crossover и SUV, како и MPV и седани.

Производството ќе се одвива во фабриката во Вухан (Wuhan), каде претходно беа изработувани патнички автомобили  Dongfeng-Renault.

Капацитетот изнесува 150.000 возила на годишно ниво, но истиот може да се зголеми доколку пазарот тоа го бара.

Засега е претставен спортски седан концепт со четири седишта наречен Voyah i-Land concep (i – Intelligent, L – Luxury, A – Autonomous, N – Nature, D – Delicate), кај кого, помеѓу другото се истакнуваат Lexan 26-инчни тркала, обуени во пневматици со димензии  255/30 R26.

Не помалку импресивни се и вратите што се отвораат во вис и повеќе дигитални екрани во внатрешноста.

Технички детали за возилото не се објавени.

Серија верзија се очекува во текот на следната 2021 година, опремена со автономниот систем за возење L3 како и со системот за поврзување Windlink  4.0.

После тоа, во текот на 2022 година гамата ќе биде надополнет со првите SUV и MPV модели.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia го покажа новиот дизајн за Stinger

Повторно „уловен” новиот VW Golf R

Toyota RAV4 Hybrid Black Edition-Полноќно црна!

Време e за електрична енергија: Новиот Opel Vivaro-e во продажба во Германија со цена од 26.650 евра со еколошки бонус

Lyriq -првиот електричен модел на Cadillac го напаѓа Tesla на домашна почва!  

Delage D12

Plug-in hybrid BMW 545e

Kia Sonet и официјално

McLaren GT Novitec супериорност крената на повисоко рамниште !