Возач на камион добил отказ, но неговата освета на шефот на компанијата е страшна !

Откако бил отпуштен од компанијата, возачот на камион се „одмаздил“ поради тоа на неговиот шеф на необичен начин…

Настанот се случи во Чикаго (САД) пред неколку дена, а  пичината за овој инцидент бил прекинот на соработката со возачот – отказот.

Според написот во carscoops.com, возачот отишол на паркингот веднаш по добивањето на отказот, влегол во неговиот камион и удрил во паркираниот Ferrari.

Возачот на камионот не работел долго за таа компанија. Тој бил ангажиран само неколку дена пред инцидентот и бил разочаран затоа што не добил нов камион, како што било ветено, туку камион стар една година.

Возачот протестирал во управувањето на компанијата, по што бил отпуштен. Налутениот возач влегол во камионот и удрил во паркираното Ferrari, што било во сопственост на шефот на компанијата.

Возачот на камионот е уапсен и против него започна истрага.

Инаку на фотографијата е моделот Ferrari GTC4Lusso, чија вредност на  пазарот на користени (половни) автомобили се движи од 160.000 до 250.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Alfa Romeo 8C 2300 тркачка икона што знаела само за победи на жешките патеки!

Ралф Шумахер за свој нов автомобил ја избрал Lada Niva

Bentley Bacalar во бои на виножито!

Видео: Porsche 911 Turbo S забрзува до 100 km/h за 1,9 секунди

Полиција прекинала улична трка и уапсила 44 учесници- луда и опаснасна забава во време на пандемијата!